Совети од основачите на успешни стартапи: Како да започнете, растете и успеете!

March 5, 2025
1 min read

Млади иноватори со успешни стартапи кои вредат милиони вечерва во емисијата „Бизнис21“ ни објаснија како да се започне, расте и успее на патот кон сериозен претприемач.

Основачот на Captabble, Александар Смилевски порача дека од идеја до реализација потребна е само една секунда.

„Идејата доаѓа сега, реализацијата веднаш потоа треба да започне. Она што би го дал како совет до секој еден е дека мора да почне, не треба него мора, мора сите да почнеме, мора да го почнеме тоа сега и да дефинитивно и јас го почнав сега, тоа не значи дека јас сум најуспешниот или било што, но она дека сум почнал сега во овој момент ми дава време да се вратам на наназад и да кажам на останатите треба да започнете“, вели Смилевски.

Ко-основачот и директор на DDD Invoices, Денис В. Понделак вели дека доколку само размислувате да започнете нешто и не сте сигурни дали е нешто со претприемништво и стартапи, јас би рекол само започни!

„Доколку имаш идеја, развивај ја, нема да зажалиш. Ова е начинот како да се поставиш во светот и мислам дека ова е тоа што ни треба. Особено во овој дел на светот, ни требаат повеќе луѓе што активно ќе ги остваруваат своите идеи, бидејќи тоа е возможно“, вели Понделак.

Основачот и извршен директор на Inclusio, Бојан Мартиновиќ вели дека многу често мислат дека идејата е се и дека идејата е главна.

„Постои истражување што покажува дека додека ние зборуваме за некоја идеја, постојат други четири лица во светот што ја зборуваат истата идеја во истиот момент. Така што, дефинитивно идејата треба да биде добра, но клучот е во истрајноста. И посветеност за оваа идеја со реализација да се донесе на пазарот. Тоа што мислам дека е клучно во рана фаза кога започнувате со свој бизнис е тимот. Многу е важно со кого работите и тимот треба да има комплементарни вештини. И кога имате квалитетен тим најважно е одма да барате начин и да пробувате додека некаде не успеете. Пораката за младите е, немојте многу да размислувате, не сум спремен, не е вистинскиот момент, никогаш нема да дојде вистински момент. Само започнете денес и пробувајте, ако не успеете, нешто ново сте научиле и ќе пробате повторно“, вели Мартиновиќ.

Директорот на Daidream, Невио Буриќ порача дека ова не е негов прв стартап, односно започнал многу порано, уште како студент.

„Работата на моите прв идеи и се што би сакал да кажам на сите без разлика дали се млади или постари, е тоа дека има многу можности и нема причина зошто не би започнале. Секој може да започне. Нивото на енергија, знаење, искуство, мрежа и сите овие делови од искуството што ќе им го донесе не можат да се споредат со ниту една корпоративна кариера“, вели Буриќ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Делови од Аеродром, Сарај, Ѓорче и Центар утре ќе останат без струја

Следно

Макрон: Потенцијалните американски царини за Европа нема да останат без одговор

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop