Мицкоски ветува транспарентност за средба со Груевски, но не кажа колку чинел летот на „куп“ функционери за Унгарија

March 5, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека не се сретнал со Груевски во Будимпешта . Тој ја информирапе јавноста, дека доколку би имало такво нешто, транспарентно ќе информирал.

„Не, не се сретнав, но доколку би се сретнал ќе бидете информирани. Јас водам политика, врз принципот ‘вистината е најточна’. Така што верувајте секогаш кога нешто ќе се случи, јас кажувам, бидејќи нема што да кријам. Совеста ми е секогаш чиста“, рече Мицкоски.

Мицкоски информираше дека наскоро ќе излезе со докази дека членови на претходната влада се сретнале со Груевски во неговата сегашна резиденција во главниот град на Унгарија.

Од друга страна пак, Мицкоски ‘транспарентно’ не кажа колку чини „екскурзијата“, на министрите со авионот на турската компанија.

Во јавноста веќе излезе информацијата дека македонската делегација  патувала со авион на турската компанија која ги реализира чартер летовите на туристи а организирани од германска компанија бидејќи немало редовна линија Скопје – Будимпешта. За сега нема информации колку чинел летот. Од владата за дел од медиумите информираа дека „владината делегација заминала со лет кој го организирал Владата преку Генерален секретаријат, поточно дека наводно биле платени само авионски карти преку ангажирана туристичка агенција за тоа“.

На втората заедничка меѓувладина седница на владините претставници на Македонија и Украина уште еднаш беа потврени и истите позиции кои земјите ги имаат во однос на резолуциите и случувањата во Украина откако унгарскиот премиер Орбан испрати критика до останатите земји членки на ЕУ дека патот до мир во Украина е заедничка соработка со стратешкиот парнер САД кој пак веќе најави суспендирање на воената поддршка за Украина.

Владините функционери на ВЛЕН и ЗНАМ не беа дел од владиниот лет за Будимпешта.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Норвешки Нобелов институт: Има 338 номинирани за Нобеловата награда за мир

Следно

Османи: Мицкоски нека направи пола од тоа што јас имам направено за македонскиот јазик, Албанците ќе му бидат благодарни

Latest from Blog

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено
Go toTop