Русија „позитивно“ ја гледа подготвеноста на Зеленски за преговори

March 5, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Русија ја гледа подготвеноста на украинскиот претседател Владимир Зеленски за преговори во „позитивна“ светлина, соопшти денес Кремљ, јавува Анадолу.

Говорејќи пред новинарите во главниот град Москва, портпаролот Дмитриј Песков рече дека Русија ги оценува неодамнешните изјави на Зеленски „позитивно“, но дека сè уште не е јасно со кого Москва ќе преговара.

„Прашањето е со кого да се седне. Засега, правната забрана на украинскиот претседател за разговори со руската страна останува на сила“, рече Песков, мислејќи на декретот на Зеленски од 2022 година за забрана на преговори со рускиот претседател Владимир Путин.

Тој истакна дека „главниот пристап е позитивен, но нијансите сè уште не се променети“.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера, во своето прво обраќање пред Конгресот, рече дека добил писмо од Зеленски во кое се изразува подготвеноста на Киев да седне на преговарачка маса во потрага по „траен мир“.

Подоцна украинската амбасадорка во САД, Оксана Маркарова, на Фејсбук напиша дека Трамп ја прочитал претходната порака на Зеленски на Х, во која тој изразува жалење за јавната расправија на состанокот во Белата куќа минатата недела, велејќи дека не поминала како што планирале.

Зеленски, Трамп и потпретседателот Џеј-Ди Венс на 28 февруари во Овалната соба си разменија жестоки зборови. Откако Зеленски изрази сомневање дека дипломатијата може да резултира со мир, Трамп и Венс го критикуваа украинскиот лидер дека не е благодарен за поддршката на САД.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тажна вест: Почина македонски продуцент Панче Мижимаков

Следно

Загрижувачко: Се зголемува бројот на младите пациентки со рак на дојка, но и бројот на жените со реконструкција на дојка

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop