Мицкоски со повик до Европа: „Поинтензивна улога за мир во Украина преку соработка со САД“

March 4, 2025
1 min read

Во Будимпешта на средбата на премиерот Христијан Мицкоски со унгарскиот колега Виктор Орбан била разгледана ситуацијата во западниот свет, информираше домаќинот. Според Орбан, има судир во односите меѓу ЕУ и САД и судирот е дополнителна причина за посилна билатерална соработка на Скопје и Будимпешта, со цел да се изнаоѓа заеднички одговор во вакви ситуации во иднина. Орбан ги критикуваше европските колеги.

„Нашите најдобри надежи се сега појавени за да се заврши таа војна. Му кажав на господинот премиер дека ние ги поздравуваме преговорите меѓу САД и Русија и ние Унгарците сме заинтересирани за успешен исход. Му кажав на господинот премиер дека ние се караме со оние држави од ЕУ, кои се наши пријатели и сојузници, но решија дека Украина мора да продолжи со војната“, изјави премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека стратешка цел на државата останува членство во Европската Унија и за тоа не треба да постои дилема. Тој се надева, како што рече, пријателска Унгарија да помогне да се откочи процесот, а Орбан истакна дека е срамно што толку бавно се одвива пристапниот процес. Мицкоски воедно имаше и повик до Европа за изнаоѓањето мир во Украина.

„Заедно да поттикнеме и да поддржиме Европа да заземе, би сакал да потенцирам, поинтензивна улога во процес на постигнување траен и одржлив мир во Украина преку партнерство и сојузништво со САД, нешто што е и во полза на украинските пријатели и на самата Европа“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Двајцата разговарале и за подлабока соработка во инфраструктурата и воената индустрија. Орбан кажа дека маса постоела идеја и за заедничка економска зона меѓу Унгарија, Србија и Македонија, но засега не е остварлива зашто две од трите држави на се членки на Унијата

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Мицкоски по средбата со Орбан: Македонските граѓани платија огромна цена за да бидат дел од европското семејство, а сме во иста состојба како пред 20 години

Следно

Мицкоски и Орбан со апел за поинтензивна улога за мир во Украина преку соработка со САД

Latest from Blog

ХАОС ВО ИТАЛИЈА – Градовите „паѓаат“ еден по друг, властите алармираат: ЗА ДВА ДЕНА ПОЧНУВА ПЕКОЛОТ

Министерството за здравство на Италија денеска соопшти дека 17 од 27-те најголеми италијански градови за два дена ќе бидат во црвена фаза на аларм поради горештините, како и дека топлотниот бран што

Божиновска: Енергетската стабилност е клучна за економски развој

„Енергетиката е сектор во кој успехот никогаш не е резултат на поединец. Таа бара партнерство. Партнерство меѓу институциите и компаниите, меѓу јавниот и приватниот сектор, меѓу економските интереси и јавната одговорност. Како

Берзански ден во црвено: МБИ10 се намали за 0,53%, Блок-трансакција од речиси 5 милиони денари ја одбележа денешната трговија на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 23.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.651,64 поени. Во однос на претходниот
Go toTop