Мицкоски по средбата со Орбан: Македонските граѓани платија огромна цена за да бидат дел од европското семејство, а сме во иста состојба како пред 20 години

March 4, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта во рамки на унгарско-македонскиот владин самит оствари средба со неговиот домаќин, унгарскиот премиер Виктор Орбан.

По средбата, двајцата премиери одржаа прес-конференција на која Мицкоски посочи дека е потврдено високото ниво на односите кои што постојат помеѓу двете држави.

-Нашата стратешка цел како држава е да бидеме дел од европското семејство, нешто што го заслуживме многу одамна. Но исто така мораме да потенцираме дека тоа што македонските граѓани го дадоа за реализирање на оваа стратешка цел, која за жал не е поместена од состојбата во која беше пред 20 години, е бесценето – односно, цената е толку голема што не може да се утврди. Бидејќи зборуваме за билатеризација на процесот на преговори, а не на европеизација. Се надевам дека конечно овој процес и за нас ќе биде откочен со голема поддршка од наша пријателска Унгарија и дека и ние како држава ќе почнеме да преговараме. Јас сум убеден дека многу скоро, доколку имаме можност да ги отпочнеме тие преговори на основа на вистински копенгахешки критериуми, да ги завршиме успешно и да бидеме дел од ЕУ, рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека со Орбан разговарале и за целокупната поддршка која што Македонија ја добива од унгарската влада, вклучувајќи ја и финансиската помош.

-Сретства кои што се користат за изградба на патишта, булевари, училишта, градинки. Практично, со тие средства ја модернизираме државата.Она што исто така е многу важно е дека на денешната владина седница стана збор за идна уште подлабока меѓудржавна соработка во делот на инфраструктурата, но исто така министрите меѓу себе, посебно министрите за внатрешни работи и за одбрана разговараа за идна можна воена соработка односно развивање уште подлабоко на воените индустрии на двете земји, а зошто да не вмрежување и настап на трети пазари, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека Орбан во минатото многу пати покажал и докажал дека е човек со интегритет.

-Докажа дека е човек со свои ставови, дека неговиот збор планини тежи за што ја има мојата неизмерна почит како човек кој често со своето однесување знае да инспирира. Му честитам за резултатите во полето на економијата, инвестициите и реализацијата на капиталните инвестиции во Унгарија, рече Мицкоски.

 

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Орбан: Срамно е што процесот на зачленување на Македонија во ЕУ оди споро, за тоа одговорни се членките на Унијата

Следно

Мицкоски со повик до Европа: „Поинтензивна улога за мир во Украина преку соработка со САД“

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop