Милевски: ВМРО-ДПМНЕ секогаш отвора можности за меѓусебно градење на националните интереси и ги решава проблемите на граѓаните директно на терен

March 3, 2025
1 min read

Вториот унгарско-македонски владин самит којшто се одржува сметам дека е во насока на продлабочување на одличната соработка со Унгарија и таков како пример може да се аплицира и понатаму во соработката на Република Македонија со другите земји од Европската унија, вели пратеникот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Пеце Милевски, во текот на дебатната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Според него дипломатската намера на Владата е јасна и истата се состои во тоа да секаде каде што се оди, се оди со конзистентни ставови и исправена кичма во обид да се исправи се она што беше разрушено и оставено од претходниците.

-Интензитетот на меѓународната политика на Владата е голем и намерите се-Република Македонија да се движи во насоките со своите стратешки партнери, со своите поддржувачи и нормално отсекогаш насоката или интенцијата е да бидеме членки на Европската унија, така што патот е тој, констатира Милевски.

Милевски смета не е издржано тоа што опозицијата вели дека не е информирана или не знае и посочува дека за разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ секогаш широко дебатира и отвора можности за разговори, преговори, како и за меѓусебно градење на националните интереси.

Во насока на оваа меѓувладина седница помеѓу Македонија и Унгарија пратеникот Милевски се осврна и на досегашната меѓусебна соработка од која потекна и унгарскиот заем, односно средствата кои според него, се многу добро испланирани и насочени.

-Можат да кажат и градоначалниците и локалните самоуправи дека еден дел од средствата веќе се реализираат, околу 4,3 милијарди денари веќе се обезбедени како средства коишто како проекти готови општините ги аплицираа, но од овој заем 250 милиони нели, ќе можат да добијат и аплицираат сите општини без оглед дали во таа општина градоначалник е од ВМРО-ДПМНЕ, Социјалдемократскиот сојуз, ДУИ, Влен или независен. Значи, мојот пристап е таков да ги решаваме проблемите на граѓаните директно на терен и да создаваме подобри услови за живеење, заклучува Милевски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Премиерот Мицкоски со дел од Владата во посета на Унгарија: Положи венци на Меморијалниот споменик на унгарските херои

Следно

Апелација му ја намали казната на Боки 13 за „Рекет“, од девет на пет години

Latest from Blog

Хутите ѝ се закануваат на светската економија- зошто западните земји не ѝ понагаат на Саудиска Арабија?

Исто така, го поставува прашањето зошто Западот не прави повеќе за да ги поддржи своите саудиски сојузници, објави британски Телеграф во авторски коментар. Нападите на Хутите се закануваат да предизвикаат уште поголеми

Трамп испраќа војска во Панама

САД испраќаат неколку стотици војници во Латинска Америка за обука на локалните сили и спроведување заеднички вежби, додека Пентагон ја проширува својата кампања против трговците со дрога во регионот, објави „Њујорк тајмс“,

Гаштаров асистираше за гол но Црвена ѕвезда прокоцка водство и загуби кај Лугано на Алиоски (Видео)

Новопечениот македонски репрезентативец, тинејџерот Матеј Гаштаров одигра одличен меч, но неговата Црвена ѕвезда загуби на гостувањето кај Лугано, во првото коло од Конферекциската лига на УЕФА. Лугано водеше со 1:0, потоа гостите

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и

Берзански промет од 11,4 милиони денари, најголем интерес за Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.056,22 поени. Во однос
Go toTop