Како до мир во Украина?

March 3, 2025
2 mins read

Пред утрешното обраќање пред конгресот под слоганот „Америка на прво место“, американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон денеска со неговите највисоки соработници за национална безбедност, вклучително и државниот секретар Марк Рубио и секретарот за одбрана Пит Хегсет, одлучува за низа политички опции за Украина, вклучително и суспендирање на американската воена помош за Киев.

Според „Њујорк Тајмс“, на состанокот е и можното суспендирање на пратките со муниција и опрема за Украина, кои беа одобрени за време на администрацијата на поранешниот американски претседател Бајден. Трамп изјави дека граѓаните на САД треба помалку да се грижат за рускиот претседател, а повеќе за мигрантските банди и нарко-босовите, за како што напиша, да не завршат како Европа

„Треба да трошиме помалку време за да се грижиме за Путин и повеќе да се грижиме за мигрантските банди силувачи, нарко босови, убијци и луѓе од ментални институции кои доаѓаат во нашата земја – за да не завршиме како Европа.“ – Донал Трамп.

Во согласност со најавата на Трамп, Њујорк Тајмс објави дека американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет и наредил на американската сајбер команда да ги запре офанзивните сајбер операции против Русија, во обид САД да ги обноват односите со Русија и да постигнат мировен договор со Москва за Украина. Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Вашингтон е подготвен да ги обнови контактите со Украина откако Киев ќе ја покаже својата подготвеност за мир. 

„Белата куќа ќе биде подготвена да ги обнови контактите кога Украина ќе биде подготвена за мир, а тоа е очигледно она што американскиот претседател го поставува како своја цел.“ – Марко Рубио државен секретар на САД. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази уверување дека може да ги обнови односите со Трамп по нивната тензична средба во Овалната соба исполнета со несогласувања. Тој рече дека разговорите со Трамп треба да продолжат во поинаков формат и додаде дека се уште е подготвен да потпише договор за ретките метали со САД. Зеленски изјави дека е подготвен да поднесе оставка доколку Украина за возврат стане членка на НАТО.

„Јас во замена за НАТО? Замената е можна. Реков дека сум подготвен да заминам, а за возврат стануваме членка на НАТО – ова го кажувам уште од почетокот на војната со Русија. Ако влеземе во НАТО, тоа значи дека ја исполнив мојата мисија.“ – Володимир Зеленски претседател на Украина.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека режимот во Киев не сака мир и дека во оваа ситуација очигледно нема да бидат доволни напорите на Вашингтон и подготвеноста на Москва.

„Режимот во Киев и Зеленски не сакаат мир, тие сакаат војната да продолжи, така што во оваа ситуација, се разбира, очигледно нема да бидат доволни само напорите на Вашингтон и подготвеноста на Москва.“ – Дмитриј Песков.

Високата  претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас изјави дека желбата на Брисел да соработува со Вашингтон се заснова на принципите за кои САД отсекогаш се залагале, а тоа се слободата и независноста, односно основните принципи на меѓународното право, но дека.Вашингтон го промени ставот по разговорите со Русија

„За нас беше изненадување што САД наеднаш ја сменија својата позиција. Морам, знаете, навистина да нагласам дека заедно со новата администрација подготвивме резолуција за поддршка на Украина. Но, кога се сретнаа со Русите, потоа нешто се случи, бидејќи однесувањето се промени.“ – Каја Калас – висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

Во меѓувреме, Франција и Велика Британија не се договорија за план за делумно примирје за Украина во траење од еден месец.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

МЖСПП: Нема да увезуваме комунален, туку неопасен отпад од кој што ќе профитираме

Следно

Муцунски: Нашата надворешна политика се базира на усогласеност со политиката на ЕУ и стратешкото партнерство со САД

Latest from Blog

„Човечкото тело е создадено да трае најмалку 140 години, само треба да се храните вака“: Тврди познатиот доктор

Човечкото тело е создадено да трае најмалку 140 години – тврди еден од лекарите со најдолг животен век. Овој необичен настан се случил кога Фјодор Ковал имал 96 години. „74-годишен пациент дојде

АНЃЕЛКОСКИ: 34 години не сме мрднале. Како да не…

Минатонеделната колумна „Амар си удри шамар“ повторно на нож ја дочекаа читачите на наслови, кои од друга литература, читаат само упатство за користење влажни марамчиња, ако го заборавиле мобилниот таму каде што

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 10 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.
Go toTop