Полна сала за премиерата на „Жиголо“ и распродадени следни изведби во Битолскиот театар

March 3, 2025
1 min read

Во Битолскиот театар се одржа првата премиера за оваа година, „Жиголо“, праизведба на македонскиот текст од авторот Игор Кузмановски во режија на Благој Мицевски. Во претставата која е драма комедија се поставуваат прашањата: Што се сме спремни да направиме за љубовта? Дали постојат граници? Дали сме спремни да преминеме преку истите?.

„Ова е претстава за искреноста. Нешто што многу ни недостасува и сите го посакуваме. Всушност како неискреноста не води на еден пат, не става во еден вртлог во животот кој потоа тешко се контролира и од кој не може да се излезе. Се занимававме и со тоа што е сега актуелно, карактери позајмени од видео игрите, вештачката интелегенција, виртуелниот свет, кои не ставаат во машина која не носи во вртлогот на животот“, истакна режисерот Мицевски.

Во претставата играат Марјан Георгиевски, Соња Михајлова, Марија Стефановска, Маја Андоновска Илиевски и Никола Пројчевски.

Андоновска Илиевски истакна дека истражувала кој е начинот нејзиниот темперамент да се смири и без навидум никаков напор да се раскаже една комплексна приказна, за луѓе кои секојдневно се дружат, работат, сакаат. „Јас го играм ликот на психијатарот Карине, кај кого доаѓаат сите ликови од претставата, и на кој начин луѓето гледаат на менталното здравје денес“.

„Се отвораат прашања кои се тригер во општеството.Колку користиме социјални маски за да можеме да функционираме во истото“, истакна Марјан Георгиевски.

„Се отвора прашањето дали треба да сме искрени, во што јас не верувам дека секогаш се треба да кажеме. Верувам дека е важна намерата со која жиголото во претставата одлучува да помогне на својата жена на која и е потребна помош во борбата со нејзината болест“, додава Никола Пројчевски.

„Во различни фази од животот сите ние поминуваме различни избори, различни провокации од различни страсти, цели, но во третото доба паѓаат маските, изборите и човек се соочува многу повеќе со себеси“, вели Соња Михајлова.

„Жиголо“ е претстава што ги брише границите меѓу маската и вистината. Некои приказни се кажуваат. Некои се шепотат. „Жиголо“ е онаа што не можете да ја избегнете – ќе ве најде во очите на ликовите, во паузите меѓу зборовите, во она што се гледа, но никогаш не се кажува гласно. Оваа претстава ја истражува тенката линија меѓу улогите што ги играме и луѓето што навистина сме. Желби што се кријат зад фасади, вистини што се разголуваат во мигот кога светлата ќе згаснат.

Сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимите на Благој Мицевски а музиката на Марјан Неќак, драматург е Оливера Павловиќ. Претставата е реализирана од сопствени средства. Следните изведби на „Жиголо“ за кои сѐ уште има влезници се на 21.03 и 24.03.

Фотографии: Ивона Кочов

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

ПОЧИНА АКТЕРОТ ОД ВЕЛЕШКИОТ ТЕАТАР САМОИЛ СТОЈАНОВСКИ

Следно

Зошто Македонија е без реакција за случувањата во Белата куќа? Ранѓеловиќ: Можеби е подобро да премолчиме

Latest from Blog

Поповски во 24 анализа: Усогласувањето на минималната плата е еднаш годишно, просечната плата расте постојан

Поранешниот министер за финансии и универзитетскиот професор, Никола Поповски во 24 анализа рече дека кога расте просечната плата, минималната плата стои во место. Според него, движењето на цените е динамично иако инфлацијата

Перински: Партнерството со Унгарија ќе придонесе за унапредување на општинскиот развој

Министерот за локална самоуправа Златко Перински, во рамките на дводневната посета на унгарско-македонскиот владин самит што се одржува во Будимпешта, денеска оствари билатерална средба со Тибор Наврачич, министер за јавна администрација и

Османи: Нема да има локални избори, ако продолжи ваквата политика кон Албанците

Во утрешната емисија „Дејли Клик“ на ТВ21, гостин ќе биде Бујар Османи, поранешниот министер за надворешни работи. Османи во своето гостување испрати силна порака за политичката ситуација во земјата. Тој нагласува дека,

Започна велигденскиот пост: Еве што треба да правите во текот на првата недела, а пресудни се првите три дена

Велигденскиот пост, познат и како Велики пост, е еден од најстрогите и најважните пости во православието. Тој трае 48 дена и го опфаќа времето на Христовото страдање, неговото распнување на светиот крст

Милошоски вечерва гостин во „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вечерва ќе гостува во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа. Евисијата стартува во 22.30 часот, а тема на разговор ќе бидат актуелните случувања како
Go toTop