Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон

March 1, 2025
1 min read

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски се очекува да пристигне во Лондон, каде ќе има средба со европските лидери и со лидерите на земјите-членки на НАТО.

По драматично прекинатата средба на претседателот на САД, Доналд Трамп и Зеленски во Белата куќа уследи поддршка за шефот на украинската држава од европските лидери.

Британскиот премиер Кир Стармер соопшти дека синоќа телефонски разговарал и со Трамп и Зеленски и најави дека денеска во Лондон ќе се одржи средба.

– Со нетрпение очекувам да им посака добредојде на странските лидери, вклучително и Зеленски на денешниот состанок посветен на Украина во Даунинг стрит 10, наведе Стармер.

Додека портпаролот на британската Влада посочи дека Стармер „ја потврди својата непоколеблива поддршка за Украина и ќе ја одигра својата улога во отворањето на патот за траен мир заснован на суверенитетот и безбедноста на Украина“.

Во меѓувреме Зеленски на Телеграм објави дека е „многу важно“ да се „слушне и да не се заборави“ Украина.

– Луѓето во Украина мора да знаат дека не сме сами, дека нивните интереси се застапени во секоја земја, во секој агол на светот, наведе Зеленски, при тоа заблагодарувајќи се на светските лидери за поддршката.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тешко повреден малолетник во Тетово откако во него удрило возило, возачот избегал

Следно

Анализа на РСЕ: Четири заклучоци од катастрофата во Овалната соба

Latest from Blog

КЛ: Херера асистент во големата победа на Борац, Миовски на клупа во победата на Ренџерс

Борац Бања Лука на нашите репрезентативци Херера и Шишковски зачекори кон главната фаза на натпреварите во Конференциската лига, откако вечерва обезбеди голема победа од 3:1 на гостувањтео кај Викингур. Нашиот бек Херера

Драматична снимка од спасување киднапирани девојчиња во Атланта: Не мрдај или пукам! (ВИДЕО)

Снимката од нивното спасување е објавена на Фејсбук страницата на Полициската управа на Атланта, објави Пипл. Новата снимка од камерата што се носи на телото го покажува моментот кога властите во Џорџија

Гори кај Никуштак: Интервенираат „ер тракторите“ на ДЗС од воздух и пожарникари од терен

Во тек е интервенција на пожарот во реонот на селото Никуштак, во Општина Липково, каде што во гаснењето се вклучени и воздухопловите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). На терен дејствуваат

ЛЕ: Ц. Звезда три чекори поблизу до главната фаза, шок за Салах и Трабзон (ВИДЕО)

Белградска Црвена Звезда успеа да оствари одлична предност од 3:0 на првиот меч со Викторија Плзен во рамките на плеј-офот за Лигата на Европа. Вечерва во Белград, некогашниот европски шампион дојде до

Силен земјотрес од 6,7 степени го потресе Перу (ВИДЕО)

Нема непосредни извештаи за штети, објави АП. Земјотресот се случил околу 13 часот по локално време, со епицентар 38 километри северозападно од градот Упахуача, во одделот Паринакочас во регионот Ајакучо. Епицентарот на
Go toTop