Атанасоски во Аргумент плус: Трамп преку својот карактер сака да наметне решение за крај на конфликтот меѓу Русија и Украина

February 28, 2025
1 min read

Политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски во Аргумент плус рече дека Трамп не само поради своето предизборно ветување туку и поради својот карактер сака да се наметне дека ќе најде решение за крај на конфликтот меѓу Русија и Украина.

Според него, геополитичкото поместување се развива со брзина на светлината.

„Овој конфликт е најтежок после Втората светска војна и треба да се знае како би се решило сето ова и сите страни да се задоволни бидејќи досега никој не нашол решение кое нема да донесе до војна повторно. Трамп не само поради своето ветување дека ќе ја прекине војната туку и преку неговиот карактер сака да се наметне дека тој ќе произведе решение кое ќе биде прифатливо за двете страни и се тргна во таа насока да се прават паралелни преговори“, рече Атанасоски.

Тој зборуваше и за геополитичкото поместување на светот во последните неколку години.

„Гледаме геополитичко разместување со бризна на светлината бидејќи изминативе години имавме вкиопани позиции од една страна запдна алијанса која ја поддржуваше Украина од друга страна Русија и нејзините сојузиници и тоа беа судири исток и запад. Демократскиот свет и тоталитарните режими тој судир го направија во Украина, гледаме прераспределување на позициите“, изјави Атанасоски 

Тој додаде и дека потребни се гаранции за тоа дека Русија нема да ја нападне повторно Украина.

„Се согласувам дека нема почит на договорите од 2014 и 2015 година и ако се гледа постојано говориме за војната во Украина во изминатите три години но реално војната почна во 2014 година кога Крим беше анектран и кога почнаа воените дејствија, самата војна во Украина трае повеќе од 10 години и има етапни фази и затоа има стравови Зеленски, дека миоже повторно да се врати војната“, објасни Атанасоски. 

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за претстојните квалификациски натпревари

Следно

СДСМ: Кочоска веднаш да си поднесе оставка, само човек без грам морал и совест, може да ги дискриминира жените

Latest from Blog

Станарите од „Васко Карангелески“ покажаа како се гради култура за селекција на отпад

Станарите од зградите на улицата „Васко Карангелески“ бр.125, кај касарната во Прилеп, со сопствена иницијатива и креативна идеја го разубавија просторот пред нивната зграда и овозможија организирано контејнерско собирање на отпадот. Откако

Пресврт во случајот „Пулс“: Лиценцата од 2012 е издадена за друг објект, покажуваат доказите

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, Јавното обвинителство продолжи со изведување на докази кои се однесуваат на постапките во Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат. Пред судот беа презентирани записници, барања,

Битола добива нов паркинг: Почнуваат работите на „Овчи пазар“

Од понеделник, 29 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на паркинг просторот „Овчи пазар“, информира изведувачот на градежните работи. Проектот опфаќа изведба на коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и
Go toTop