Петровска во 24 анализа: Ќе поднесам претставка до Комисијата за антидискриминација за Димитриеска-Кочоска

February 27, 2025
1 min read

Пратеничката на СДСМ и поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска во 24 анализа рече дека денешното обраќање на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска имало намера да ја потцени и дискриминира.

Таа објасни и дека ќе поднесе преставка до Комисија за спречување и заштита од дискриминација.

„Јас излегов на говорница и кажав дека поставив пршаање на кое не добив одговор, а не е мое ниво да коментирам ваков тип на навреди и дискриминација. Јас не ја примив навредата, дали беше намерата да добијам навреда дека немам деца и семејство беше апсолутно да. На што алудираше одговорот, на потценување и обид да ме дискриминира затоа што јас немам деца. Мое личено прашање е тоа дали сум сама, дали имам деца. Тое е мое и на судбината. Ќе поднесам претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Она што се случи денес не е за Славјанка треба да се стави стоп на ваквото однесување на власта. Ако денес зборуваме за парламентарна демократија секој треба да си го знае местото. Многу жени кои не можат да имаат деца се препознаа во тоа“, рече Петровска.

Таа зборуваше и за тоа дека на денешните пратенички прашања не добила одговор на прашањето за Законот за намалување на патни трошоци.

„Јас поставив прашање кое сметам дека е клучно. Моето прашање на кое не добив одговор се однесуваше на патните трошоци на пратениците, зошто не го поддржаа Законот за намалување на патни трошоци. Ако ВМРО-ДПМНЕ смета дека прашањата треба да ми ги формулираат тие тогаш се грешка, мое демократско право е како ќе го поставам прашањето. Извадете еден збор со кој ја навредив министерката. Ова нејзино однесување не е прво. Имало слични и пострашни настапи“, додаде Славјанка.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почина Борис Спаски-еден од најдобрите шахисти во историјата

Следно

„Жерновски е отповикан поради тоа што ги прекршил дисциплинските правила“, рече Муцунски

Latest from Blog

Проданоски: Нема директна опасност за Крушевица и Чаниште, сите сили се на терен

Во моментов активни се четири краци од пожарот во Мариовскиот регион, но сите се надвор од населените места и нема директна опасност за Крушевица и Чаниште, ниту за имотите на граѓаните, информира

Гави го одби Јунајтед, клубот од “Олд Трафорд“ нудеше 40 милиони евра!

ФОТО:facebook.com/fcbarcelona/ Гигантот од “Олд Трафорд“ никако не успева ова лето да дојде до големо, екстра засилување. Манчестер Јунајтед никако не успева да ги оствари своите трансферни цели оцва лето. Најновиот удар за

Муцунски ги најави трите приоритети на Амбасадорскиот совет

Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните кои живеат надвор од границите на нашата држава се трите стратешки национални интереси, кои

Првата конференција за пазарна експанзија на македонските брендови ќе се одржи во Скопје

„Бизнис Арена 2026“ има јасна цел: да создаде место каде што амбицијата ќе се поврзе со знаење, вистински контакти и реални можности за развој. (Скопје, 20.08.2026) – Првата конференција за македонски брендови
Go toTop