Трајков по вчерашниот скандал на СДСМ: Наместо на евтин спин, нека се фокусираат на тие 6% доверба кои ги имаат од граѓаните

February 27, 2025
1 min read

Во последно време моето име и презиме често е мета на монтажи кои се лиферуваат на социјалните медиуми. Веројатно тоа доаѓа само од една кујна или можеби доаѓа од различни кујни, но матрицата е таа. Сметам дека се работи за некреативна енергија која што се шири на социјалните медиуми и тоа кое го прават мислам дека е доста очајно.

Ова во „Наткаст“ на Курир го истакна заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, која разговараше со Љупчо Цветановски.

Оваа тема ја отворија по вчерашниот скандал поради лагите на СДСМ во кои се споменуваше токму Трајков.

-Во прво време сакав да реагирам и сето тоа можеби беше нешто кое за мене беше несфатливо бидејќи јас поголемиот дел од својот живот го имам поминато надвор од државата и сум се образувала и вложувала во себе. Но потоа видов дека баш социјалните медиуми се единственото место каде едни такви тетки можат под псевдоними да ја извадат својата фрустрација. Не им замерувам, искрено, затоа што сепак, на крајот на денот, колку и да ме навредуваат, сепак јас работам и за нив. Фокусирана сум на она што ми е задача дадена од премиерот во Влада. Работам на евроинтеграцискиот процес  на државата. Мислам дека треба да продолжат и понатаму да ме навредуваат, а ние да си ја продолжиме нашата цел, да работиме, рече Трајков.

Конкретно за тоа што го направи СДСМ, Трајков вели не е вредно да се коментира, но по прашање на новинарот истакна:

-Што се случи? Имаше дел од една емисија од пред две години, каде што јас зборувам за негативностите односно за катастрофалните состојби на дипломатијата во време на Бујар Османи, каде премиер е Димитар Ковачевски. Сето она кое се случуваше на меѓународна сцена во тој момент беше навистина катастрофално и Македонија претрпе навистина големи штети на тие меѓународни маси. Така што, го направија дека е видео кое што го зборувам сега. Мислам дека беше еден евтин спин за кој што подоцна се извинија. Можеби доблесно од нивна страна што конечно собраа сила да кажат извини, но она за кое што следува е навистина доста очајно и мислам дека треба повеќе да се фокусираат на тие шест проценти доверба кои ги имаат од граѓаните. Затоа што можеби во следните месец-два ќе бидат помалку од 2 %, рече Трајков.

„Сето она што излегува од кујната на СДСМ не треба да се верува, треба да се зема со резерва. Можеби ќе соберат доблест да ни се извинат за сето тоа што го направија на нашата држава“ – порача таа.

Од СДСМ вчера, соочени со срамот кој го направија, испратија јавно извинување.

„Упатуваме искрено извинување до медиумите и до јавноста, за последното соопштение во коешто се споменува Викторија Трајков. Поради ненамерна грешка, беше споделена стара содржина која не е релевантна за тековните случувања“, велат од СДСМ.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пренџов: Битката против корупцијата не е лесна и бара интегриран пристап кој вклучува превенција, казнена одговорност и едукација

Следно

Амбасадорите на ЕУ му порачаа на Мицкоски да го прави тоа што го зборува

Latest from Blog

Mакедонија 2025: По најавениот градежен бум, инвестициите за да не бидат промашени, мора да се во корист на бизнисот

Отворено, без да се поштеди никој и без вообичаената воздржаност карактеристична за вакви собири, извршната директорка на „Македонија 2025“ Никица Мојсовска Блажевски кажа дека сè уште немаме консензус каква пазарна економија сакаме,

Македонија чита! Рекордна посетеност на Саемот на книга во Скопје, остануваат уште два дена

37-то издание на Саемот на книга во Скопје ќе остане запаметен по многу нешта. Прво по убавата енергија, ентузијазмот и еуфоријата која беше забележана кај илјадници луѓе од сите генерации, пред сѐ

Агенцијата за пошти со информативен караван во Прилеп, граѓаните не ги знаат доволно своите права

Граѓаните не се доволно информирани за своите права како корисници на поштенски услуги. Агенцијата за пошти им стои на располагање, беше речено на денешниот Информативен караван кој Агенцијата го одржа на Економскиот

Турскиот министер Фидан: Турција ќе ги следи потезите по одлуката на терористичката ПКК за самораспуштање

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес изјави дека Анкара внимателно ќе ги следи практичните чекори што ќе се преземат по одлуката за распуштање на терористичката организација ПКК,

Путин повика на продлабочување на соработката со исламскиот свет пред утрешниот форум во Казан

ИСТАНБУЛ (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин денес упати порака до учесниците на 16. Меѓународен економски форум „Русија – Исламски свет: Казан Форум“, повикувајќи на засилување на соработката во финансискиот сектор, технологијата
Go toTop