Руските фудбалски клубови и репрезентации остануваат надвор од меѓународните натпреварувања

February 24, 2023
1 min read

Одлуката за исклучување на руските фудбалски репрезентации и екипи од сите меѓународни натпреварувања останува на сила, соопшти Меѓународниот спортски суд во Лозана.

ФИФА, како и УЕФА, го суспендираа рускиот репрезентативен и клупски фудбал во февруари лани кога Русија воено ја нападна Украина. Одлуката потоа ја потврди и Судот во Лозана на 25 ноември. Тогаш беше одбиена и руската жалба на одлуката.

Агенцијата ДПА наведе дека Фудбалската Федерација на Русија имаше право да поднесе жалба на суспензијата до 13 јануари оваа година, но Судот во Лозана ја примил жалбата дури на 10 февруари.

Судот својата одлука за продолжување на суспензијата ја донел на 20 февруари, а официјално ја објави во четвртокот. Со тоа, сите споменати суспензии станаа и правосилни.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОБЛЕЧЕТЕ СЕ ПОТОПЛО И ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА СНЕГОТ – разочарувањето допрва доаѓа

Следно

МВР ги заврши проверките во 18 училишта во Скопје – Повторно лажна тревога

Latest from Blog

Шпанија го отфрла тврдењето на Руте за „МАСОВНА ПОДДРШКА“ ЗА ВОЈНАТА СО ИРАН ОД СОЈУЗНИЦИТЕ НА НАТО

Шпанската министерка за одбрана, Маргарита Роблес, остро го отфрли тврдењето на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, дека меѓу членовите на алијансата постои „широка поддршка“ за војната на американскиот претседател Доналд Трамп

Шамбевски: Македонија принципиелно се позиционира во меѓународните односи, штитејќи ги своите интереси

Поранешниот амбасадор и пратеник, Оливер Шамбевски, во „Наткаст“ на КУРИР изрази очекување дека 2026-та ќе биде турбулентна година која ќе води кон редефинирање на меѓународните односи, вентрите на моќ, алијансите. -Меѓутоа сериозно

Мицкоски и Божиновска на средба со претставници од нафтената индустрија – Фокус на стабилноста на пазарот на горива

Премиерот Христијан Мицкоски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска одржаа средба со претставници на нафтената индустрија во државата за да ја разгледаат актуелната состојба со нафтените деривати, особено

Вирц се враќа во дресот на Ливерпул за ФА Купот

фото: FlorianFlicks @FlorianFocus (X) Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, потврди дека германскиот репрезентативец Флоријан Вирц се вратил на тренинзите и би можел да настапи на натпреварот од ФА Купот против Вулверхемптон во
Go toTop