Се навршуваат 21 година од трагичната авионска несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски

February 26, 2025
1 min read

Денеска во Скопје, Струмица и во Ротимље близу Мостар во БИХ, ќе бидат одбележани 21 година од трагичната смрт на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски. Во несреќата која се случи во близината на аеродромот во Мостар, загинаа и членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

Членови на семејствата и други државни делегации ќе положат цвеќе на гробот на Градските гробишта Бутел во Скопје. Ќе има почест и на спомен обелејето во Ротимље.

Претседателот Борис Трајковски загина во 2004 година, откако тогашниот владин авион падна во близина на Мостар. Во несреќата, покрај Трајковски животот го загубија Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерството за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски, членови на обезбедувањето и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.

Трајковски со авионот „Кингер“ патуваше на Меѓународна конференција за инвестирање во БИХ. Авионот требаше да слета во 8 часот по локално време. Остатоците беа пронајдени 24 часа по падот.

Првичната истрага што ја водеа надлежните македонски и босански органи покажа дека причина за уривањето се пропусти на екипажот направени во процедурата за приоѓање на аеродромот Мостар во услови на сложена метеоролошка состојба, густа магла и облачност.

Борис Трајковски е роден во Струмица на 25 јуни 1956 година. Беше втор претседател на Република Македонија во периодот од 15 декември 1999 година до 26 февруари 2004 година.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изменет режим на сообраќај на автопатската делницата Демир Капија – Смоквица

Следно

Сиљановска-Давкова на средба со генералниот секретар на Советот за регионална соработка

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop