Андреас Трајковски ќе ја претставува Македонија на ЕП во атлетика во сала

February 26, 2025
1 min read

Европската атлетска федерација го потврди учеството на Андреас Трајковски во скок во далечина на претстојното Европско првенство во атлетика во сала кое од шести до деветти март ќе се одржи во Апелдом (Холандија).

Андреас својот пласман го обезбеди како најдобар Македонски атлетичар во сала за оваа сезона, за што Европската Атлетска федерација му додели универзално место.

Ова ќе биде негов прв настап на едно Европско Првенство во сала. Минатата година Андреас настапи на Европското Првенство на отворено во Рим (Италија) каде обезбеди пласман преку ранг листата на Европската Атлетска федерација.

Андреас својот настап ќе го има на шести март во 20:30 часот кога на програмата се квалификациите во скок во далечина.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Премиерот Мицкоски денес во посета на Неготино

Следно

Судскиот совет ќе формира комисија за утврдување на бројот на предмети што треба да ги реши судијата месечно

Latest from Blog

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот

Аргентина немаше милост и со 7:0 ја растури Буркина Фасо, во меч кој за малку немаше да се одигра (Видео)

Аргентина убедливо со 7:0 славеше над селекцијата на Буркина Фасо во контролен меч. Вистинска драма се случуваше пред мечот. Африканската селекција која е на 62 место на ФИФА листата одби да патува

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот
Go toTop