Македонија со победа над Полска ги заврши евроквалификациите во кошарка

February 24, 2025
1 min read

Македонската машка кошаркарска репрезентација со победа вечерва над Полска во Скопје од 88-74 го заврши квалификацискиот циклус во кој не успеа да обезбеди пласман на Европското првенство оваа година.

Во натпревар без резултатско значење Македонија до вториот триумф ги предводеа Андреј Маслинко со 22 и Ти Џеј Шортс со 21 поени.

Македонија ги заврши евроквалификациите како третопласирана во групата Х од која место на Евробаскетот обезбедија Литванија и Естонија, како и Полска која заедно со Кипар, Летонија и Чешка ќе бидат кодомаќини на завршниот турнир од 27 август до 14 септември.

Македонската репрезентација ќе се врати на меѓународната сцена во август кога ќе ги стартува претквалификациите за следниот кошаркарски Мундијал. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР поднесе кривична пријава против четворица лица поради несовесно работење во службата

Следно

Скапо платена шминка на Шарената револуција: Сорос ја финансирал девојката што ставаше кармин на полициски штит

Latest from Blog

Почнува јубилејниот Виноскоп 15: Градски парк ќе пулсира во ритамот на виното и музиката

Денес на Школка во Градски парк започнува јубилејното 15-то издание на Виноскоп-фестивал кој низ годините прерасна во препознатлив градски симбол на добро вино, квалитетна музика и урбано дружење под отворено небо. Од

ВЛЕН: Дали ДУИ станува антизападна партија?

Коалицијата ВЛЕН остро реагираше на, како што велат, скандалозната изјава на пратеник на ДУИ, со која директно биле навредени стратешките меѓународни партнери на државата – САД и Европската Унија. Од ВЛЕН посочуваат
Go toTop