Биро за метрологија – броилата кои влегуваат во државава се исправни, но треба конкуренција

February 24, 2025
1 min read

Пуштањето на новата лабораторија за проверка на струјомерите во рамките на Бирото за метрологија е за да се даде избор на граѓаните ако се сомневаат дека нивното броило отстапува од предвидените параметри. Ова е ставот на Министерството за енергетика и на Бирото за метрологија од каде пак велат дека немаат информации дека има неточни броила во државава. Од Бирото посочуваат дека и во моментов има акредитирана лабораторија која ја врши оваа проверка.

Таа е на ЕВН, но е акредитирана од државниот Институт за акредитација, чии претставници еднаш годишно излегуваат на терен засилени со луѓе од Бирото и ја оценуваат оваа лабораторија дали ги исполнува законските критериуми. Од Бирото најавија дека нивната лабораторија ќе почне да работи наскоро и дека ќе важат истите правила како кога проверката ја врши и ЕВН.

„Видете, доколку мерачот излезе дека е во ред, тогаш плаќа тој што доставил барање, во случајов граѓаните, доколку излезе дека е неточен, тогаш плаќа ЕВН.“ , вели Седад Рушани.

Инаку, постапката за проверка дали струјомерот брои точно, е откако граѓанинот ќе достави пријава за проверка, екипа на ЕВН Дистрибуција со претставник од Бирото излегуваат на терен, го земаат броилото и го носат на проверка. И откако ќе проработи вторава лабораторија, постапката ќе биде иста, само со тоа што броилото ќе биде во Бирото и него ќе го проверат тамошните обучени вработени.

Од Метрологија велат дека секое броило кое се вградува од страна на ЕВН Дистрибуција е исправно бидејќи зад верификацијата стои производителот, што според ЕУ е доволно за гаранција, но кај нас во Македонија ова е засилено со дупла контрола.

„Првата верификација на мерачите ја прави произведувачот, на пример доколку ЕВН ја прави набавката, да не спомнувам сега компании, надвор од Македонија, нашите контролори одат таму и ја прават првата верификација, и доколку се во ред влегуваат на пазарот на Македонија.“, вели Седад Рушани.

Инаку, опремата во Бирото за метрологија е набавена пред седум години, но не е во потреба бидејќи се чекаше завршување на судскиот спор со добавувачот кој не ги исполнил предвидените услови од договорот.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Koj e Дан Бонгино, контроверзниот нов заменик-директор на ФБИ, пријателот на Крис Павловски

Следно

ВИДЕО: Еве како ќе изгледа Воената болница во Скопје – нови операциони сали и лаборатории, простории во интерес на пациентите

Latest from Blog

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,

Рударството во пад: Димов повикува на развој заснован на знаење и стручност

Падот на индустриското производство во рударскиот сектор продолжува и во септември, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во услови кога вкупното индустриско производство во државата бележи раст од 2,4%, рударството

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот
Go toTop