Конзервативците победија на парламентарните избори во Германија со освоени 28,6 % од гласовите

February 24, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Конзервативната алијанса на Германија составена од Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) победи на парламентарните избори во земјата освојувајќи 28,6 % од гласовите, покажуваат официјалните прелиминарни резултати што денес ги објави изборната комисија, известува Анадолу.

Екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) се најде на второто место со освоени 20,8 % од гласовите, што е зголемување за 10,4 % во однос на претходните избори.

Социјалдемократската партија (СПД) е на третото место со 16,4 %, а Партијата на зелените е на четвртото со 11,6 %.

Левицата освои 8,8 %, што е зголемување за 3,9 % во споредба со претходните избори.

Слободната демократска партија (ФДП) падна под прагот од 5 %, освојувајќи 4,3 % од гласовите.

Според резултатите, алијансата ЦДУ/ЦСУ освои 208 места во Бундестагот, германскиот Парламент, АфД 152, СПД 120, Зелените 85 и Левицата 62.

За мнозинство во Бундестагот потребни се најмалку 316 пратеници, што значи дека ниту една партија не може сама да формира влада.

Демохристијаните на Фридрих Мерц би можеле да обезбедат парламентарно мнозинство преку потенцијална коалиција со социјалдемократите.

Друга остварлива опција би била трипартиска коалиција, што ќе ја вклучи и Партијата на зелените. Во тој случај коалицијата во Бундестагот би имала 413 места.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Здружението „Лесја Украинка“ со марш во центарот на Скопје ја одбележа третата годишнина од руската агресија врз Украина

Следно

Анчелоти: Реал во одлична форма му пристапува на најважниот дел од сезоната

Latest from Blog

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот

Аргентина немаше милост и со 7:0 ја растури Буркина Фасо, во меч кој за малку немаше да се одигра (Видео)

Аргентина убедливо со 7:0 славеше над селекцијата на Буркина Фасо во контролен меч. Вистинска драма се случуваше пред мечот. Африканската селекција која е на 62 место на ФИФА листата одби да патува
Go toTop