Огноотпорна боја развиена во Туркије обезбедува заштита и до 1.500 степени

February 21, 2025
2 mins read

САМСУН (АА)

– Илјас ЃУН

Како резултат на 9 годишно истражување, турскиот хемичар Јуџел Кајнар, кој живее во турскиот град Самсун, разви боја која обезбедува заштита од пожари и при температури од 1.500 степени, пишува Анадолу.

Кајнар ја заврши својата работа на формулата „огноотпорна боја“, која ја започна во Центарот за истражување и развој на технологии во Самсун (ТЕКНОПАРК) пред 9 години.

Именувајќи ја бојата „Наноперл“, Кајнар за АА изјави дека работат на производство на боја отпорна на оган и студ, особено за заштита на дрвени конструкции.

Зборувајќи дека дрвените конструкции се популарни насекаде низ светот, Кајнар рече:

„Луѓето користат дрвени конструкции затоа што го намалуваат ризикот при земјотреси и обезбедуваат поубав изглед. Најголемиот недостаток е тоа што се многу чувствителни на оган. Ја интензивиравме работата за да го спречиме тоа“.

– Од бојата не се ослободуваат токсични материи како што се чад, гас или јаглерод диоксид

Објаснувајќи дека производот што го развиле како резултат на нивната студија е на база на вода и се состои од неоргански супстанции, Кајнар продолжи со зборовите:

„Сите материјали што ги користиме во производот се од локални и национални суровини. Во експерименталните истражувања тестиравме со температури од 1.000 степени и немаше влијание врз дрвената структура. Еден од принципите на дејствување на нашиот производ е тоа што кога се во прашање високи температури, односно кога температурата надминува 300 степени Целзиусови, материјалот создава бариера која го спречува преносот на топлина врз дрвениот дел. Таа бариера обезбедува заштита на задната површина, односно дрвото. Формираниот воздушен простор помеѓу го штити дрвото. Бидејќи температурата на дрвото останува на ниско ниво од 60 до 70 степени Целзиусови, дрвото не е зафатено од пожарот. Во целиот овој процес не се ослободуваат токсични материи како чад, гас или јаглерод диоксид, така што настанатиот пожар не влијае врз луѓето или животните. Всушност, и онака не се создава пожар.“

– „Не мрда од нанесеното место, ништо не влијае врз него“

Нагласувајќи дека спровеле експериментални истражувања со илјадници различни суровини додека го развивале производот, хемичарот Кајнар рече:

„Во завршниот проект користевме околу 60 суровини. Има многу суровини кои меѓусебно се спротивни. Користејќи различни реакции успеавме да ги усогласиме. По таа фаза, ниту еден од елементите користени во финалниот производ не реагираа спротивно еден кон друг и не гореа. Не набабрува на нанесеното место и ништо не влијае на него. Се формира и материјал многу издржлив на удари.“

Подвлекувајќи дека огноотпорната боја може да се користи не само на дрво, туку и врз други структури, Кајнар рече:

„Може да се користи и на беспилотни летала, воени возила, фабрики, челични арматури, бетонски подови, лим, стакло, керамика и покриви. Бојата што ја користиме многу лесно може да толерира температура од 1.500 степени Целзиусови. Таа спречува губење животи бидејќи не предизвикува никакви проблеми како што се ослободување на гас, истекување, излевање или испуштање во околината. Во околината не доаѓа до загуба на животи или имотот“.

Кајнар додаде дека бојата ќе ја произведе и ќе ја понуди на продажба во фабриката што ќе ја основа за кратко време во Самсун.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Размената продолжува: Израел во сабота ќе ослободи 602 Палестинци, Хамас ќе ослободи шест заложници

Следно

Грозданов во Аргумент плус: 4000 сметководители изгубија лиценци за работа, ова ќе донесе и штети во буџетот и стопанството

Latest from Blog

Хоџа: Државата и во 2026 со силна финансиска поддршка за националните паркови

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на работен состанок со директорите на националните паркови Пелистер, Маврово, Галичица и Шар Планина, ја потврди силната и континуирана поддршка на Министерството за

Автомобил удри во супермаркет во Лос Анџелес- најамалку тројца загинати, возач била 92 годишна баба (ВИДЕО)

Се вели дека жената зад воланот имала 92 години. Несреќата се случила кратко по пладне по локално време на „Ранч Маркет“ број 99 на булеварот Вествуд, кога возилото се удрило во зградата,

Рекордна посетеност на Собранието во 2025

Собранието и во 2025 година ги отвори своите врати за организирани посети и едукативни тури и продолжи да им овозможува на граѓаните одблизу да се запознаат со просториите и работата на законодавниот

Македонско друштво ‘Илинден’-Тирана ги додели наградите и благодарниците ‘Илинден’ за 2026 година

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден”. По повод седумнаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Награда “Илинден” и Благодарница “Илинден” по повод седумнаесетгодишнината

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден”. По повод седумнаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа
Go toTop