Јончевски: Естонија ја знае нашата слаба точка, ќе се обидеме да ја покриеме

February 21, 2025
1 min read

Селекторот на македонската машка кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски изјаци дека ќе биде тешко на мечот во Талин, поготово што имаме проблем на центарската позиција.

Македонија со почеток од 18 часот игра против Естонија важен меч од квалификациите за ЕП 2025. Мора да ги победиме Естонците со повеќе од шест коша разлика за да ги задржиме шансите за пласман на Евробаскетот.

На селекторот Јончевски му е јасно дека противникот ќе се обиде да го искористи фактот што Македонија нема класичен центар.

„Одбраната ни е во фокусот, но не би сакал многу да зборувам околу плановите за тоа како ќе му пристапиме на натпреварот. Главни ќе бидат добрата енергија и мотивацијата. Најголем проблем ќе ни биде играта под кошевите бидејќи Естонците се агресивни во нападот, а нам ни недостасува странец на центарската позиција. Знам дека противникот ја знае нашата слаба точка, но ќе се обидеме да ја покриеме“, рече Јончевски.

Ако успееме да направиме чудо против Естонија, ќе ни треба да ја совладаме и Полска в понеделник на домашен терен, но и да чекаме пораз на Естонците кај Литванија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За прв пат изведена сложена операција во Клиничката Болница во Битола

Следно

Чешката скијачка Тереза Нова веќе не е во кома

Latest from Blog

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една
Go toTop