Безусловна НАТО акредитација за Регионалниот центар за односи со јавноста во МО, потврда за високиот квалитет на обуките во одбраната

February 20, 2025
1 min read

Регионалниот центар за односи со јавноста (PARC), во Министерството за одбрана вчера официјално се стекна со безусловна НАТО акредитација, со што стана единствениот НАТО акредитиран центар во државата, како и единствен акредитиран Центар специјализиран за обука од областа на односите со јавноста и стратегиските комуникации во Алијансата.

Ова признание е резултат на темелен процес на евалуација спроведен од страна на НАТО тим од експерти, кој на 4 и 5 декември 2024 година го оценуваше центарот според 31 стандард за обезбедување квалитет во три клучни области: лидерство и менаџмент, квалитет на обуките и придонесот кон НАТО.

-Со оваа акредитација, Министерството за одбрана добива меѓународно признат центар за обука кој ќе има клучна улога во зајакнување на комуникациските капацитети на НАТО, сојузничките и партнерските земји. Отсега PARC нуди сертифицирани обуки со степен на сертификација “NATO approved” од делот на стратегиските комуникации со фокус на воените односи со јавноста кои директно ќе поддржуваат НАТО мисии и операции, овозможувајќи развој на нови генерации воени комуникациски експерти.

Акредитацијата дополнително ја зајакнува улогата на нашата земја во Алијансата, обезбедувајќи поголема интеграција на Министерството за одбрана во НАТО структурите за едукација и обука. Ова отвора можности за зголемена соработка со НАТО центри и партнерски институции, развој на нови обуки и пристап до меѓународни ресурси и експертиза, информираат од Министерството.

Овој успех е резултат на долгогодишната посветеност на PARC и Министерството за одбрана кон усогласување со највисоките НАТО стандарди. Со успешното завршување на овој процес, државата ја зацврстува својата позиција како доверлив и активен придонесувач во Алијансата, со центар кој ќе продолжи да биде столб за едукација и развој во областа на стратегиските комуникации и воените односи со јавноста.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

20-годишник со сатар и ножеви сакал да влезе во Кривичен суд!

Следно

САД: Најмалку двајца загинати при судир на авиони во лет

Latest from Blog

Бошко Ѓуровски повикува на полн стадион на дуелот Црвена Звезда – Хапоел

Некогашниот македонски селектор, и неспомнено наша фудбалска легенда, Бошко Ѓуровски денеска излезе со изјава во медиумите во Србија со која повикува на масовна посетеност на дуелот од третото квалификациско коло од Лигата

ВИДЕО | ОРБАН НА РАКИЈА ВО ГУЧА – Друштво му правеа моќници од унгарскиот бизнис

Виктор Орбан беше забележан во опуштено издание на познатиот Собир на трубачи во Гуча, Србија, каде што наздравуваше со традиционална ракија во друштво на влијателни луѓе од унгарскиот бизнис-сектор. На снимките, кои

На пеколна жештина, повеќе од еден час чекање за влез во Македонија

Пеколните августовски температури не ги спречија колоните на македонските гранични премини. Додека жештината во земјава се приближува до 40 степени, патниците кои денеска влегуваат преку Табановце чекаат повеќе од еден час, а

Николоски: Се поклонуваме пред хероите кои го дадоа животот за Македонија

Денеска се одбележуваат 25 години од масакрот кај Љуботенски бачила, во кој животите трагично ги загубија осум македонски бранители. По тој повод, делегација на Владата предводена од вицепремиерот и министер за транспорт

Божиновска за emagazin: Градиме модерен енергетски систем усогласен со европските стандарди

Во период кога енергетската безбедност, зелената транзиција и европските реформи се меѓу најважните државни приоритети, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини спроведува интензивни законски и институционални промени. За досегашните резултати, но
Go toTop