Анализа: Дали на Апасиев би му дале пристап до копче за нуклеарно оружје?

February 20, 2025
2 mins read

Првиот човек на Левица, Димитар Апасиев, ја држи партијата бетонирана на 5%. Партиското членство е составено од најголем број млади лица, најголем дел анархистички настроени.

Во јавноста честопати се поставува прашањето дали и за кого Апасиев е најпосакуваното решение за претседателското столче во Левица? Со неговото однесување тој може да нанесе само дамка на несериозност, но и огромна штета за оние кои го опкружуваат, а очигледно за партиите на власт е добро ваков карактер да води партија која е во опозиција. Во превод, тој е посакувано решение и „кец во десетка“ за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Не мора да сте Ајнштајн за да сфатите дека сериозни, семејни луѓе, со цврсти лични ставови, никогаш не би ја дале својата доверба за оваа партија, а на прашањето „Дали својата иднина би му ја предале во рацете на Апасиев“, извесно е дека најверојатно ќе ви одговорат „Па не сме луди“.

Апасиев со ставовите и недоличното однесување привлече одреден број на гласачи, но искуството вели дека сето тоа има рок на траење. Најчесто, краток, ист како „фитиљот“ на посочениот првенец на Левица.

Аналитичарот и колумнист Александар Ристевски во изјава за КУРИР посочува дека самиот наратив на Апасиев, пропратен со речникот и реториката, повеќе делува како забава за масите, отколку јасно дефинирани ставови за промена кон подобро.

-Како и за се во животот, па во политиката секој има употребна вредност, но и рок на траење. Несомнено, Апасиев успеа да почне партија од нула, и едно невладино движење да го трансформира во политичка партија. Имаше континуиран раст, одејќи на карта на незадоволство кај одредена категорија граѓани, но кога растете во еден период достигнувате до ситуација каде треба да испорачате и резултати. Праксата покажува дека во советите на локално ниво тие коалицираа со кого ќе стигнат во зависност од одреден локален интерес. Извршна власт единствено до сега извршувале во Град Скопје каде имаат директори во одредени јавни установи, и тоа е тоа. Прашањето е дали со реториката која ја имаат и пристапот, ќе достигнат ниво да бидат пожелен партнер во било која идна власт, или само незадоволници кои тераат некаква агенда (лична или групна)? Самото тоа што имаа само неколку кандидати за градоначалник пред 4 години, и истите не доаѓаа од самата партија беа одреден сигнал. Следниве локални избори ќе се види од старт која е намерата, да се победи или да се сатанизира противникот и потенцијалниот победник. Самиот наратив на Апасиев, пропратен со речникот и реториката, повеќе делува како забава за масите, отколку јасно дефинирани ставови за промена кон подобро, вели тој.

Ристевски понатаму истакнува:

„Сметам дека барем со ставовите и реториката која самиот ја форсира како заштитен знак на политичкиот субјект Левица, веќе го достигнува врвот и доаѓа до нивото на плафон. За поголем раст потребни се повеќе кадри кои би биле лице на таа партија, вон пратеничката група. Од друга страна гледаме дека во периодов, не така мал број од оние кои високо котирале, истапуваат како незадоволни и јасно изнесуваат пикантерии околу начинот на кој внатрешно функционираат и делуваат, но и централизираната моќ, олицетворена во лидерот“.

По само една од низата чудни и нератикулирани изливи и однесувања на Апасиев и Левица во Собранието, се огласија и од ВМРО-ДПМНЕ каде ја опишаа состојбата на постапките на овие политичари.

-Среќа што државата нема нуклеарно оружје, не се сомневаме дека Апасиев би го употребил, онака лефтерно и истовремено афектно, насочувајќи го врз Собранието, кај што сам се наоѓа, чисто да ни покаже, колку тој знае да е опасен, ако во бифето му дадат горко наместо благо кафе, порачаа тогаш од ВМРО-ДПМНЕ.

Па следејќи ги неговите постапки и до ден денес, логично е да се постави прашањето: Дали на Апасиев би му дале пристап до копче за нуклеарно оружје?

Одговорот е јасен, но можеби и најнебитен, велеше еден коментар на социјалните мрежи на шегата за нуклеарното оружје и ДМ, најмногу затоа што со вакво стихијно и инфантилно однесување, тој никогаш нема ни да дојде во позиција за такво нешто, т.е. никогаш нема да „припари“ на власт, ниту ќе ја помириса, на сон можеби.

Кој нормален политичар би сакал таквов непресметлив партнер, со кој никогаш нема да знаеш на што си, лик кој „ќе те истресе на првата кривина“, праша тогаш еден граѓанин, изиритиран од индолентнтото, дилетантско однесување и кочијашките манири на „лидерот“ на левичарите.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: ДУИ се сѐ уште под влијание на Груби

Следно

ЕУ вети дека ќе одговори „цврсто и брзо“ доколку Трамп воведе царини

Latest from Blog

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,

Рударството во пад: Димов повикува на развој заснован на знаење и стручност

Падот на индустриското производство во рударскиот сектор продолжува и во септември, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во услови кога вкупното индустриско производство во државата бележи раст од 2,4%, рударството

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот
Go toTop