Владата донесе одлуки за ограничување на маржата на над 1000 производи

February 18, 2025
2 mins read

Владата на денешната седница донесе одлука за ограничување на бруто профитната маржа (БПМ) во трговија на големо и во трговија на мало и одлука за утврдување на највисоките цени за одделни производи во трговијата на големо и во трговијата на мало, како и ограничување на цените на осум групи основни производи.

Како што информира на денешната прес-конференција заменик министерот за економија и труд Марјан Рисески, со цел да се заштити животниот стандард на наслението односно да се намалат трошоците за живот во потрошувачката кошница за храна и пијалоци и кај средстствата за лична хигиена, Владата донела одлука со која се ограничува маржата во трговија на големо и трговија на мало на 102 групи на производи или на над 1000 прехранбени и непрехранбени производи.

И тоа: на 5 отсто БПМ на основните осум прехранбени производи и тоа млеко, леб, брашно тип 400 и 500, јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко или вкупно осум групи на производи, на 10 отсто ограничена БПМ на прехранбени производи каде опфаќа група од 55 прехранбени производи – месо и преработки од месо, шеќер, млечни производи, маргарин, путер, конзервиран зеленчук и овошје, грав, ориз и тестенини, и на ограничување на 15 отсто на БПМ на 39 прехранбени производи и средства за хигиена и тоа свежо овошје и зеленчук, детергенти, бебешка храна, пелени, сапун, тоалетна хартија и слично.

-Анализата на ДПИ покажа дека трговците на големо и тровците на мало пресметуваат БПМ од 20 до 25 осто за основните производи во трговијата на мало, а од 20 до 50 отсто во трговијата на големо. Со оваа одлука се задолжуваат сите кои се учесници во трговијата на големо и во трговијата на мало, сите овие 102 групи на производи, најмалку 70 проценти да бидат присутни на рафт , рече министерот Ристески.

Тој кажа дека е донесена и одлука за утврдување на највисоки цени на осум групи основни прехранбени производи во трговијата на големо и трговијата на мало при што како највисока цена се утврдени цените кои што се применувале на 1 февруари 2025 година.

-Двете одлуки ќе стапат на сила следниот ден по објавувањето на одлуките во Службен весник, а ќе траат до 30 април. Нашите очекувањата се дека со овие две одлуки цените на основите прехранбени производи кои се содржани во одлуката ќе се намалат во просек за околу 10 отсто, освен осумте основни прехранбени производи – млеко, леб, брашно тип 400 и 500, јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко за кои се очекува да останат на исто ниво, односно да не се зголемуваат или да има минимално намалување, рече Ристески.

Тој појасни дека до нив стигнале предлози и од трговците и од дистрибутерите и смета дека согласно анализата на Министерството и податоците кои ги добиле од ДПИ смета дека ваквите одлуки ќе придонесат за стабилизирање и намалување на цените на основните прехранбени производи и за заштита на животниот стандард на граѓаните барем до 30 април кога има и два гоилеми верски празници – велигден и рамазан.

-ДПИ ќе биде максимално вклучен на терен и онаму каде ќе бидат откриени неправилности, ќе бидат ригорозно казнувани, а казните се и до 20.000 евра, подвлече Ристески.

На новинарско прашање, тој појасни дека тие добиле повеќе од 20 предлози и ги ислушале трговците на мало и на големо, како и дел од дистрибутерите и дека дел од тие предлози биле прифатени, но оти се воделе од анализите на ДПИ при донесувањето на овие одлуки на Влада во однос на маржите.

-Веќе имаме скалесто ограничување на бруто профитната маржа што беше дел од нивните предлози од 5,10 и 15 отсто во однос на марќите во трговијата на големо и на мало, рече Ристески

Прашан за тоа кога ќе профункционира Законот за нефер трговски практики за основни прехранбени земјоделски произво, тој кажа дека надлежноста на контролата е на Комисијата за заштита од конкуренцијата, која е независен орган и одговара пред Собранието. За самата Комисија рече дека таа е дооформена до 1 јануари и веќе работи, а со цел да се доекипира, предвидени се и нови осум вработувања.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Разговори во Ријад

Следно

Владата го задолжила Министерството за правда да достави предлог за разрешување на Коцевски до Советот на јавните обвинители

Latest from Blog

Загина македонски државјанин во сообраќајна несреќа кај српско-унгарската граница

Трагична сообраќајна несреќа се случи утринава околу 05:15 часот на автопатот кај Хоргош, во близина на границата меѓу Србија и Унгарија, каде што животот го загуби државјанин на Македонија, а друг македонски

Костадинов се јави, повторно: Не, јас не одам како кандидат, јас се повлекувам во тишина

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук објави дека нема да се кандидира на претстојните локални избори, и покрај, како што вели, убедливо водство на сите

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина остро ги осуди плановите на властите во Република Српска (РС) за формирање резервен состав на ентитетската полиција, предупредувајќи дека таквиот потег води кон ескалација

Костадинов нема да се кандидира како независен во Струмица

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадинов нема да се кандидира како независен кандидат за Струмица, откако лидерот на СДСМ Венко Филипче објави дела партијата ќе застане зад Марјан Даскаловски. Костадинов пишува дека нема

Чистка во Манчестер Јунајтед, пет играчи заминуваат

Пет играчи на Манчестер Јунајтед добија информација од клубот да не доаѓаат на почетокот на подготовките во понеделник. На листата се наоѓаат: Алехандро Гарначо, Маркус Рашфорд, Антони, Џејдон Санчо и Тајрел Маласиа.
Go toTop