Бесправна сеча на Скопска Црна Гора: Голема акција на ЈП “Македонски Шуми”, шумската полиција и “Македонија Пат (ВИДЕО)

February 18, 2025
1 min read

На Скопска Црна Гора секојдневно се врши огромна бесправна сеча, судот не наоѓа начин да ги тргне овие мафијаши за кои, некои од нив има и по триесетина пријави, а со денешната акција имаме за цел да ги спречиме дивите премини и нивното влегување во шума се до моментот кога ќе ги решиме тие мафијаши. Ветивме бескомпромисна борба со овие криминалци, таа ќе им ја покажеме на граѓаните, дециден е заменик-директорот на ЈП Национални шуми Кире Михаилов.

-Се наоѓаме на локација на Скопска Црна Гора, на една од повеќето локации на кои што секојдневно се врши огромна бесправна сеча на од групи кои што на нас ни се многу добро познати, меѓутоа од нам непознати причини и покрај тоа што за тие групи имаме процесуирано по десетици пријави, судот не наоѓа начин да ги тргне од ова што го работат и ние сме принудени со тие камикази да се бориме на терен, овде наидовме на нешто кое што со децении е пустошено, ова е хаос кој што за жал некој сакаше да го продолжи, коментира Михајлов.

За некои лица се поднесени и триесетина пријави вели Михаилов.

-Во изминатите месеци заедно со шумската полиција, заедно со дел од структурите на МВР се обидовме да ја спречиме оваа мафија, меѓутоа како што кажав често нашите акции се успешни, за одредени лица имаме процесуирано дури по 30 пријави , за жал тие се се уште слобоцни и се уште го прават тоа што го правеле, вели Михаилов во своето обраќање преку социјалната мрежа на Фејсбук.

Со Македонија пат, заедно со Шумската полиција имаме една голема акција со цел до решавање на овие мафијаши вели заменик директорот.

-За да го спречиме целото опостушување на оваа шума, ние денеска со Македонија пат, заедно со Шумската полиција имаме една голема акција во која ќе ги оневозможиме тие диви премини за да го спречиме нивното влегување во шума се до моментот кога ќе ги решиме тие мафијаши, вели тој.

-Ветивме бескомпромисна борба со овие криминалци, таа ќе им ја покажеме на граѓаните, вели Михаилов.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хуан Пабло Монтоја: Верстапен нема да му биде проблем на Хамилтон во новата сезона

Следно

Мицкоски во друштво на крајни десничари од Европа на партискиот собир во Вашингтон

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop