Ибрахимовиќ: Милан има голема историја во Лигата на шампионите, па сакаме да го победиме Феенорд

February 18, 2025
1 min read

Советникот на раководството на Милан, Златан Ибрахимовиќ ги сподели своите очекувања за реваншот на тимот против Феенорд во плејоф рундата од Лигата на шампионите.

Милан го загуби првиот натпревар на гостински терен со 1:0.

– Очекувам Милан да биде поконкретен и поагресивен и да покаже желба за победа. На првиот меч Феенорд играше на домашен терен со свои навивачи, а тоа е секогаш друга приказна. Мораме да се фокусираме на себе, да ја играме нашата игра и да го правиме она што знаеме да го направиме. Милан има голема историја во Лигата на шампионите, па сакаме да победиме. Секогаш сакаме да учествуваме на овој турнир. Прекрасни се моментите на решавачките натпревари. Ова е најдобриот момент што може да го има еден фудбалер. Сè зависи од тоа како ќе го живеете овој момент на теренот, изјави Ибрахимовиќ во пресрет на ревашот со холандскиот тим.

Натпреварот на „Сан Сиро“ ќе почне во 18:45 часот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во саудискиот главен град Ријад започнаа руско-американските преговори

Следно

Владата денеска ќе дискутира за предлозите на трговците и ќе разгледа дополнителни можности

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се
Go toTop