17 февруари – Ден на македонското новинарство

February 17, 2025
1 min read

На денешен ден, во Скопје било основано Здружението на професионалните журналисти во Македонија. За прв претседател бил избран Мито Хаџивасилев – Јасмин.

Мито Хаџивасилев – Јасмин бил еден од најпознатите македонски новинари и публицисти. Бил директор и главен уредник на весникот „Нова Македонија“ од 1945 до 1947 и 1962 година. Тој е првиот претседател на Здружението на новинарите на Македонија, а државната награда со која се оддава признание за остварување во областа на публицистика и новинарство во Македонија го носи неговото име. Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ која се доделува секоја година, за првпат е доделена во 1969 година.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) е официјалното здружение на професионалните новинари од Република Македонија и членка на Меѓународната федерација на новинари. Основано е на 17 февруари 1946 година во Скопје како Здружение на професионалните новинари на Народна Република Македонија.

„…На седумнаесети февруари 1946 година, во салата на Градскиот народен одбор во Скопје, на повик на Акциониот одбор за основање на Здружение на професионалните новинари на Народна Република Македонија, се состанаа новинарите од следниве скопски редакции: „Нова Македонија”, „Трудбеник”,„Единство”, Радио Скопје и дописништвото на агенцијата Танјуг и го основаа првото здружение на новинарите во историјата на Македонија.

Основачкото Собрание го отвори одговорниот уредник на скопскиот весник “Единство”, Димитар Митрев. Во име на Народната влада на Македонија, Собранието го поздрави др Павел Шатев, министер за правосудство, а во име на македонските книжевници, композитори и артисти, поетот Венко Марковски.

После дискусијата за претседател на Здружението на новинарите на Македонија едногласно беше избран Мито Хаџивасилев – Јасмин, одговорен уредник на „Нова Македонија”. За потпретседатели се избрани Асен Тодоров, уредник на дописништвото на „Танјуг” и д-р Пиетро Јанура, одговорен уредник на весникот „Фљака е влазримит”, за секретар Дејан Алексиќ, раководител на дописништвото „Танјуг”, а за благајник Тошо Шкартов, член на редакцијата „Нова Македонија”.

Собранието избра Пленум, Надзорен одбор и Суд на честа. За почесни членови едногласно беа избрани: Димитар Влахов, д-р Павел Шатев, Бане Андреев, Алексо Муртаклов, Димитар Поп Ефтимов, Киро Миљовски, Веселинка Малинска и Љиљана Чаловска..”.

(Извадок од монографијата „Сребрен јубилеј на СНЈ“ – Сојуз на новинарите на Југославија)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре инаугурација на хрватскиот претседател, ХДЗ бојкотира

Следно

Шуга во основно училште во кумановско: Еден потврден, тројца сомнителни случаи

Latest from Blog

И покрај поразот од 0-7: Славен Билиќ останува селектор на Хрватска

Хрватската репрезентација го доживеа најтешкиот пораз во својата историја, откако Англија славеше со неверојатни 7:0 во Риека. По натпреварот во центарот на вниманието се најде иднината на селекторот Славен Билиќ. Дел од

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила
Go toTop