Кремљ потврди дека средбата Русија – САД за Украина ќе се одржи утре во Ријад

February 17, 2025
1 min read

МОСКВА (АА) – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес потврди дека средбата Русија – Соединетите Американски Држави (САД) за Украина ќе се одржи утре (вторник) во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, јавува Анадолу.

Говорејќи на брифингот со новинарите во Москва, Песков изјави дека руската делегација ќе ја предводат министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и помошникот на претседателот за надворешни работи Јуриј Ушаков.

„Денеска, во име на претседателот (Владимир) Путин, министерот за надворешни работи Лавров и помошникот на претседателот Ушаков летаат за Ријад. Тие се очекува да се состанат со нивните американски колеги утре, при што разговорите ќе бидат првенствено фокусирани на обновувањето на целиот спектар на руско-американски односи“, рече Песков.

„На средбата ќе се разговара за билатералните односи меѓу Русија и САД, подготовките за преговори за решение за Украина и потенцијалната средба меѓу лидерите на двете земји Путин и Доналд Трамп“, рече тој.

„Саудиска Арабија беше избрана за место затоа што е прифатливо за двете страни“, истакна Песков, додавајќи дека разговорите за европско учество во преговорите за решение за Украина сѐ уште се прерани.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Преговори САД-Русија за Украина во вторник во Ријад

Следно

ВИДЕО: Јокиќ „прсна“ од смеење, не можеше да верува што донел Вембанјама во соблекувалната

Latest from Blog

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една
Go toTop