Голем одзив и на денешниот протестен марш „Кој е следен?“

February 16, 2025
1 min read

Голем број граѓани се собраа пред Универзална сала од каде што започна на денешниот протест на иницијативата „Кој е следен?“ и на кој учесниците, роднините и пријателите на почината Фросина бараат правда и посеопфатни и ефикасни мерки за безбедност во сообраќајот и за соодветно санкционирање на прекршителите.

„Потребни сме му на нашиот град и на нашето општество заедно, како колектив што бара одговорност, неселективна правда и безбедност за секој граѓанин! Системот што треба да нè заштити потфрла, затајува и секојдневно ни ја докажува својата нефункционалност – онаа што ни ги крати животите. Премногу долго чекавме некој друг да ги подобри работите, да направи вистински промени, да ни обезбеди квалитет на живот каков што заслужуваме. Време е сами да ги побараме! Време е да ги потсетиме надлежните кому служат и зошто се на своите функции, беше објавено во најавата за денешниот протестен марш.

Граѓаните го креваат гласот против неказнивоста и несоодветните постапки против сторителите на тешки дела во сообраќајот, како што посочува и централната парола од денешниот протест – „Ние сме гласот на Фросина, Валкани пари, смртни последици“.

Маршот започна пред Универзална сала, на местото каде што трагично го загуби животот Фросина Кулакова и ќе продолжи преку Владата до Собранието на Република Северна Македонија, а ќе заврши пред Апелациониот суд.

Приоретни барања, како што најавија, остануваат мерките за безбедни улици и градови, неселективен правичен систем.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Граѓаните бараа правда за 22-годишната Фросина: „Најстрога казна за сторителот на убиството“

Следно

Намалена видливост поради магла на Стража

Latest from Blog

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една
Go toTop