61. Минхенска безбедносна конференција заврши со „Растечка загриженост за безбедноста на Европа“

February 16, 2025
5 mins read

МИНХЕН (АА)

61. Минхенска безбедносна конференција (MSC 2025) што се одржа во Германија заврши со „Растечка загриженост за безбедноста на Европа“ по критиките што ги упати американскиот потпретседател Џеј Ди Венс за Европа, возвратните изјави на Кина кон САД и разговорите за ставање крај на руско-украинската војна, известува Анадолу.

На 61. Минхенска безбедносна конференција, која започна на 14 февруари во Минхен, доминираа критиките на Венс кон Европа.

Говорејќи на првиот ден од конференцијата, Венс рече: „Заканата од која најмногу се грижам за Европа не е Русија, Кина или кој било друг надворешен актер, туку заканата која доаѓа одвнатре“ и тврди дека слободата на изразување во Европа е во опаѓање.

„Работа на демократијата е да решава за овие големи прашања на гласачките кутии. Верувам дека отфрлањето на луѓето, игнорирањето на нивните грижи, уште полошо, затворањето на медиумите, затворањето избори или исклучувањето на луѓето од политичкиот процес, ништо не заштитува“, рече Венс, повикувајќи на прекин на нерегуларната миграција на континентот.

Посочувајќи на обвинувањата од страна на европските лидери за „мешање во внатрешните работи“ во врска со изјавите на американскиот милијардер Илон Маск кој фалејќи ја екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD)рече „Само АфД може да ја спаси Германија“, потпретседателот на САД Венс истакна дека тоа се критики кои доаѓаат од надвор од земјата.

– „Никој не може да ни наметне сопствен модел“

Европските политичари, особено оние од Германија, реагираа на критиките на Венс кон Европа.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, во својот пост на X, рече: „Апсолутно го отфрлам она што американскиот потпретседател Венс го рече на Минхенската безбедносна конференција“.

Шолц реагираше на изјавите на Венс во полза на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД), нагласувајќи дека нема да прифатат мешање однадвор во германската демократија и избори во корист на АфД.

На конференцијата зборуваше и норвешкиот премиер Јонас Гар Стјоре, кој рече: „Тој зборува како да не сме фокусирани на имиграцијата во Европа. Контролата на границите е важно прашање за секоја земја во Европа. Ние сакаме контролирана имиграција“.

Припишувакќи ја зголемената миграција во Европа на Украинско-руската војна, Стјоре го рече следното:

„Овие имигранти дојдоа од Украина. Кога ќе ја погледнете Полска, тие прифатија повеќе од 2 милиони Украинци во нивната земја бидејќи има војна. Тоа не го спомена, бидејќи мислам дека не ја зема целосно реалноста во обзир“.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, на зборовите на Ванс, реагираше созборовите:

„Прво, слободата на изразување е безбедна во Европа. Второ, оние кои се сигурни во себе и во своите вредности не се чувствуваат загрозени од критиките. Трето, никој не мора да го усвои нашиот модел, но никој не може ниту да ни го наметне неговиот модел“.

Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен рече: „Ние ја цениме слободата на изразување. Џеј Ди Венс дојде и ги изрази своите мисли“.

– „Ќе се спротивставиме на едностраните деспотски акции на САД“

Уште еден говор кој остави свој белег на конференцијата имаше кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

Зборувајќи дека САД треба да избегнуваат конкуренција на моќта, Ванг додаде:

„Ако САД се во искушение да ја потиснат и ограничат Кина, нема да имаме друг избор освен да одговориме на тоа. Во тој случај, решително ќе го браниме суверенитетот на Кина, националното достоинство и легитимното право на развој и ќе се спротивставиме на какви било еднострани дејствија на деспотство од страна на САД“.

Тврдејќи дека економското одвојување и протекционизмот ќе ги погодат само оние кои ги прифаќаат, Ванг рече: „Протекционизмот не решава никакви проблеми. Произволните тарифи никому не му користат. Економската подвоеност едноставно значи лишување од можности. Малите градини со високи огради ги ограничуваат само оние што ги градат“.

Изјавувајќи дека сите земји треба да го почитуваат меѓународното право и во меѓународните односи да дејствуваат во согласност со целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации (ОН), Ванг продолжи со зборовите:

„Светот денес е во хаос и конфузија. Најважната причина за ова е што некои земји кои веруваат дека силните се во право ја отворија Пандорината кутија која го најавува законот на џунглата. Сите земји, без разлика на нивната моќ и големина, треба да бидат еднакви чинители во меѓународното право.“

Критикувајќи го повлекувањето на САД од меѓународните договори и организации, Ванг се осврна и на односите меѓу Кина и Русија.

Ванг истакна дека не постои друга земја освен Русија која може да ги задоволи потребите на Кина за гас, додавајќи:

„Некои земји имаат тенденција да ги политизираат трговските и економските прашања и да ги користат како алатки за да ја потиснат Кина. Нема да дозволиме да се случи тоа“.

– Зеленски рече дека постои можност Русија да се подготвува за војна со земјите од НАТО

Во својот говор на конференцијата, украинскиот претседател Владимир Зеленски истакна дека суверените права и територијалниот интегритет се црвена линија за нив.

Од таа причина Зеленски подвлече дека нема да ги признаат заземените територии од Русија како руска територија и изјави дека интеграцијата во НАТО засега е најлесното решение за безбедноста на Украина и дека имаат потреба од силни безбедносни гаранции.

Зеленски, исто така, рече дека постои можност Русија да се подготвува за војна со земјите од НАТО.

– Способност на Европа да се брани без САД

На конференцијата се разговараше и за способноста на Европа да се брани од Русија без САД.

На конференцијата се дискутираше за објавата на новата администрација на САД дека „не е првенствено фокусирана на безбедноста на Европа“, дека континентот треба повеќе од двојно да ги зголеми трошоците за одбрана и како Европа ќе ја пополни празнината што ја оставија Соединетите Држави во одбраната на континентот.

Потсетувајќи дека руско-украинската војна се приближува кон својата четврта година, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се осврна на ситуацијата со која се соочува Европа по доаѓањето на администрацијата на Доналд Трамп со зборовите: „Во моментов сме во нова криза“.

Украинскиот претседател Зеленски повика на формирање на европска армија за одбрана на Европа, велејќи: „Дојде време да се формираат вооружени сили на Европа“.

Експертите за безбедност кои во ходниците на конференцијата велеа дека Трамп сака слаба, фрагментирана, поделена Европа, се осврнаа и на несогласувањата околу финансирањето на високите трошоци за одбрана во Европа.

– Европа ги смета разговорите меѓу САД и Русија за Украина како победа на Путин

Додека европските лидери на конференцијата изјавија дека преговорите за Украина не може да се одржат без Европа и Украина, треба да се забележи дека администрацијата на Трамп ги продолжува мировните преговори со Русија без европско учество.

Доколку овие разговори доведат до редовни разговори во кои Москва не прави отстапки, од европската страна на тоа се гледа како победа на рускиот претседател Владимир Путин.

Според вестите објавени во германскиот печат, САД не сакаат да го спроведат во реалност испраќањето свои војници кога станува збор за обезбедување можен мир, или да го имплементираат членот 5 од Договорот за НАТО (Нападот врз една членка се смета за напад врз сите членки).

Дополнително, американската влада испрати сеопфатно писмо до партнерите во НАТО во кое прашува што можат да придонесат за безбедносните гаранции и колку војници можат да испратат.

На конференцијата, Украина и европските држави изразија загриженост дека доколку Украина не го прифатат мирот што го диктира САД, тогаш нивната поддршка нема да продолжи како досега и Европа ќе биде принудена да ја зголеми својата интервенција во Украина.

Европските лидери категорично го отфрлаат распоредувањето европски мировници во Украина без учество на САД.

На конференцијата се разговараше и за зголемување на трошоците за одбрана во Европа, а вниманието го привлекоа несогласувањата околу прашањето за финансиите на повисоките трошоци за одбраната.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Николоски: Носиме 35 илјади туристи надвор од главната сезона, огромна промоција за Македонија

Следно

Флик за црвениот картон на Белингем: Покажа непочитување!

Latest from Blog

Во Германија слават конзервативците

Германските конзерватицки слават. Рекорден резултат за крајната десница. Коалицијата на конзервативни партии се побеници на предвремените избори во Германија. Со освоени 28.6 од проценти на гласовите, Фридрих Мерц го доби мандатот да

Божиновска-Лорковски: Енергетската иднина зависи од брзите реформи

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Скопје се сретна со директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Артур Лорковски. Средбата се одржа во пресрет на новите предизвици поврзани

МОН донесе одлука за затворање на Институтот за биометриски истражувања од Скопје

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека конечната одлука ќе ја донесат комисијата и правните експерти, но извесно е дека уште неколку високообразовни установи ќе бидат затворени. Ова го истакна
Go toTop