Објавени четири програми на Министерството за животна средина и просторно планирање

February 15, 2025
2 mins read

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во службен весник број 29 од 11 февруари и број 30 од 12 февруари 2025г. се објавени годишните програми: Програма за инвестирање во животната средина за 2025 година, Програма за управување со водите за 2025 година, Програма за заштита на природата за 2025 година и Годишната програма за финансирање на управувањето со посебни текови на отпад за 2025 година, кои што на предлог на МЖСПП, Владата на Република Македонија ги донесе на 47ма седница на Влада.

Со ПРОГРАМА ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА 2025 ГОДИНА се утврдува намената и се доделуваат средства за финансирање, кофинансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2025 година. Средствата за реализирање на оваа програма се обезбедуваат од надоместоците утврдени во членот 162 од Законот за животната средина и се предвидени во Буџетот на Република Македонија за 2025 година во вкупен износ од 871.128.000,00 денари.

Средствата се намнети за следни активности: Поддршка на мерки и активности за спроведување на обуки за заштита и унапредување на животната средина, Поддршка на мерки и активности за управување и заштита на водите во Република Македонија, Поддршка на мерки и активности за заштита на квалитетот на воздухот, Поддршка на мерки и активности за третман на отпадни води и Поддршка на мерки и активности за заштита и унапредување на животната средина

Со ПРОГРАМА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ВОДИТЕ ЗА 2025 ГОДИНА се утврдуваат средствата за извршување на работите согласно член 212 од Законот за водите и тоа за: управување и развој на водните ресурси и надоместување на трошоците за работење на органите на државната управа и органите и организациите кои имаат соодветни надлежности во управувањето со води, изградба на нови и одржување и унапредување на постојните јавни водоснабдителни објекти, изградба на нови и одржување и унапредување на постојните хидросистеми и хидромелиоративни системи, одржување и заштита на природните езера, одржување на водотеци, изградба и одржување на објекти за регулација на водотеци, заштита од штетните дејства на водите (ерозија и порои) вон населени места, подготовка на планови за одбрана од поплави и замрзнување, планови за заштита од ерозија и порои, подготовка на соодветни планови за заштита од други штетни дејствија на водите вон населените места, контрола на состојбите и собирање и обработка на податоците за резерви на вода и нивно рационално користење, хидрогеолошки и други истражувања, подготвување и организирање на спроведувањето на програмата за мерки за заштита на водите од загадување, мониторинг и утврдување на состојбата со квантитетот и квалитетот на водите и мониторинг на безбедноста на водата за консумирање од страна на човекот, воспоставување и одржување на заштитни зони и изградба на одржување на објекти за заштита на водите од загадување.

За реализација на оваа програма од Буџетот Република Македонија за 2025 година се обезбедени средства во висина од 31.735.000,00 денари.

Со ПРОГРАМА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА ЗА 2025 ГОДИНА се утврдуваат активностите кои ќе се рeализираат во 2025 година заради унапредување на заштитата на природата во Република Македонија преку имплементација на целите опредeлени во Националната стратегија за заштита на природата со Акциoнен план (2017-2027). Средствата од оваа програма со вкупен износ од 77.510.000 денари ќе се обезбедат од буџетот на Република Македонија за 2025 година и од донаторски средства од тековен повеќегодишен проект „Поддршка за пристапување на Северна Македонија во ЕУ во областа на животната средина – Фаза 2“ на Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Шведската агенција за животна средина во износ од 30.750.000 денари.

Со ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА УПРАВУВАЊЕТО СО ПОСЕБНИ ТЕКОВИ НА ОТПАД ЗА 2025 ГОДИНА се утврдува намената и се доделувааат средства за финансирање на активности за постигнување на националните цели за посебните текови на отпад за 2025 година. Средствата за реализирање на оваа програма во вкупен износ од 131 милион денари се утврдени во Буџетот на Република Македонија за 2025 година.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бегај: Проширувањето на ЕУ не може да се исполни без признавање на Косово

Следно

Сестрата на Фросина се огласи пред утрешниот собир: Ова е протест на народот, тагата, револтот и на желбата да се остане тука!

Latest from Blog

Хоџа: Државата и во 2026 со силна финансиска поддршка за националните паркови

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на работен состанок со директорите на националните паркови Пелистер, Маврово, Галичица и Шар Планина, ја потврди силната и континуирана поддршка на Министерството за

Автомобил удри во супермаркет во Лос Анџелес- најамалку тројца загинати, возач била 92 годишна баба (ВИДЕО)

Се вели дека жената зад воланот имала 92 години. Несреќата се случила кратко по пладне по локално време на „Ранч Маркет“ број 99 на булеварот Вествуд, кога возилото се удрило во зградата,

Рекордна посетеност на Собранието во 2025

Собранието и во 2025 година ги отвори своите врати за организирани посети и едукативни тури и продолжи да им овозможува на граѓаните одблизу да се запознаат со просториите и работата на законодавниот

Македонско друштво ‘Илинден’-Тирана ги додели наградите и благодарниците ‘Илинден’ за 2026 година

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден”. По повод седумнаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Награда “Илинден” и Благодарница “Илинден” по повод седумнаесетгодишнината

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден”. По повод седумнаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа
Go toTop