Големите странски инвеститори имаат проблем да најдат инженери, технички персонал и оператори

February 15, 2025
2 mins read

Повеќе од 60 отсто од странските инвеститори во земјава имале намален број на нарачки и недостаток на работна сила во 2024 година во споредба со првичните планови. Ова го покажа анкетата на најголемите странски инвеститори чии резултати ги објави Советот на странски инвеститори кој функционира во рамки на Стопанската комора на Северна Македонија.

Најголемите препреки во нивните бизниси во 2024 година биле недостатокот на квалификувана работна сила и зголемените оперативни трошоци.

Покрај тоа, според презентацијата на резултатите од страна на претседателот на Советот, Виктор Мизо, препреки претставуваат и бирократијата и неконзистентноста, правната несигурност и честите промени во бизнис регулативата, но и корупцијата и проблемите со правосудството.

Ако се погледнат одговорите на прашањето кои се главните причини за недостаток на работна сила, странските инвеститори велат оти тоа се главно неконзистентноста, односно тоа што работниците го напуштаат работното место кратко откако ќе бидат вработени, потоа недоволниот интерес за работа во нивната индустрија, како и недоволното практично искуство и знаење.

Според резултатите на анкетата, речиси сите големи странски инвеститори (93 отсто) одговориле дека имале проблеми да најдат работници на позициите инженери, технички персонал и оператори. Но, од друга страна, 91 отсто рекле оти се целосно или делумно задоволни со ефикасноста на вработените во споредба со други локации.

Исто така, значајно е да се напомене оти во 2024 година речиси сите големи странски инвеститори (93 отсто) ги зголемиле платите на вработените. Како причини за зголемување на платите, 60 отсто од нив навеле дека се конкуренцијата на пазарот на труд, 58 отсто инфлацијата и зголемените трошоци на живот, а 40 отсто зголемената минимална плата.

Како главни препораки за подобрување на состојбата со работната сила, големите странски инвеститори предлагаат подобрување на образовните програми на сите нивоа, намалување на вработувањата во јавната администрација (имплементација на мерит системот), обуки, задолжително практикансттво и т.н. образование по мерка. Дополнително, предлагаат да се олесни добивањето на работни дозволи.

Анкетата била спроведена во периодот од 24 ноември 2024 г. до 20 јануари 2025 година. Во неа учествувале инвеститори од САД, Канада, Обединетото Кралство, Германија, Австрија, Белгија, Холандија, Швајцарија, Ирска, Грција, Словенија, Хрватска, Србија, Турција, Русија, Кина, Тајван итн. Околу 75 отсто од учесниците во анкетата работат во производство (автомобилски делови, пластика и гума, храна и пијалоци, металургија, тутунска индустрија, фармација итн) а 25 отсто во трговија и услуги (телекомуникации, аеродроми, банки, осигурителни компании, консалтинг, финансиски услуги итн.). Нивните компании заедно имаат над 40.000 вработени, со вкупни инвестиции од 4 милијарди евра, од кои над 270 милиони евра инвестиции во 2024 година. Главно станува збор за извозни компании со околу 93 отсто од приходите кои доаѓаат преку извоз.

Дополнително, околу половината од нив (49 отсто) се компании кои користат државна помош, а 36 отсто се соочиле со проблеми, односно одложувања при добивањето на оваа државна помош. Значајно е што речиси сите големи странски инвеститори кои примаат државна помош (90 отсто) сметаат дека правилата за државна помош не се јасни и нема некое подобрување во оваа смисла во споредба со лани. Минатата година оваа бројка била 65 отсто.

Во Советот на странски инвеститори, покрај Мизо, како претседател се и претставници на Македонски Телеком, ЕВН Македонија, Алајанс Оне Македонија, Макстил, Џонсон Мети, Таб Мак, Теламон, ТАВ Македонија, Жито Лукс, Амфенол Технолоџи, Винербергер и други.

Како што неодамна објави ТВ Телма, ирско-американската компанија „Аптив“ која работи во авто-индустријата си заминува од земјава и го затвара погонот во ТИРЗ Бунарџик каде има 500 вработени. Како што посочиле тие, производството ќе го преселат во своите погони во Полска и Португалија.

Истовремено, ТВ Телма објави и дека најголемито извозник од земјава, британската „Џонсон Мети“ кој исто така работи во авто индустријата, ќе го намали бројот на работници.

„Со оглед на неодамнешните глобални економски притисоци на автомобилскиот пазар, правиме прилагодувања на сменските модели во некои наши локации за да ја балансираме понудата со побарувачката во блиска иднина. Ова, за жал, ќе резултира со ограничен број на работни места кои би биле предмет на намалување“, велат од „Џонсон Мети“ во одговорот за Телма.

Премиерот Христијан Мицкоски, потврди оти „Аптив“ заминува од Бунарџик, но како што вели повеќе е загрижен дали Македонија ќе има доволно работна сила за новите инвеститори кои само што не дошле во земјава.

Извор Мета

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Петрушевски: Коцевски требаше да му слугува на народот, не на СДС, затоа треба да биде сменет

Следно

Мицкоски оствари средба со претседавачот на Минхенската конференција за безбедност, Хојзген и со хрватскиот премиер Пленковиќ

Latest from Blog

На 46-години почина легендарниот боксер Рики Хатон

Трагична вест пристигнува од Манчестер, каде утрово е пронајден мртов Рики Хатон, една од најголемите британски боксерски легенди. Безживотното тело на 46-годишниот Хатон било пронајдено во неговиот дом во Хајд, во реонот

Мицкоски ја посети „Дрисла“: Ситуацијата е стабилна

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети депонијата „Дрисла“. – Денеска ја посетив Дрисла, каде што се уверив дека пожарот е целосно локализиран и ставен под контрола. Благодарение на навремената интервенција на службите,

Муртези: Нашата визија е Чаир да стане центар на урбаниот живот и културата

Коалицијата ВЛЕН официјално ја претстави листата на советници за претстојните локални избори на 19 октомври во општина Чаир. Листата не претставува само имиња, туку тим од познати и почитувани луѓе кои се
Go toTop