Петрушевски: Коцевски требаше да му слугува на народот, не на СДС, затоа треба да биде сменет

February 15, 2025
1 min read

Коцевски требаше да му слугува на народот, а не на СДС, затоа треба да биде сменет, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ имаше разбирање за Љупчо Коцевски со месеци, тргајќи од премисата дека можеби бил под притисок на СДС и од неговите зборови дека ќе почне беспоштедна борба против криминалот. Сега неколку месеци потоа е сосема јасно дека Коцевски од секогаш бил слуга на СДС.

Со месеци Љупчо Коцевски не работи ништо. Нема никаква иницијативност, ниту желба да се подобрат работите во обвинителството.

Народот со право е разочаран од правосудството, кога на чело на ЈО седеше Коцевски кој со месеци нема отворено еден предмет, а на скалите за мерење на корупција рушиме рекорди.

Не може цел свет да гледа корупција и проблем во правосудството, само Љупчо Коцевски кој треба да се бори против истата никако да не ја види“, потенцираше Бране Петрушевски.

На народот му е преку глава од изговори. Љупчо Коцевски доста беше. Одговорност има, додаде тој.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Луѓето се изненадени кога ќе ги видат сестрите со различна боја на очите

Следно

Големите странски инвеститори имаат проблем да најдат инженери, технички персонал и оператори

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop