Мицкоски во дипломатска офанзива во Германија и САД

February 13, 2025
1 min read

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, тргнува во речиси целонеделна дипломатска офанзива во Минхен, Германија, и во Вашингтон, САД.

Во Минхен од утре, па во наредните три дена, ќе се одржува Минхенската безбедносна конференција каде се собираат политичките лидери од светот во пресрет на актуелните прашања поврзани со украинско-рускиот спор, прашањата со безбедносната политика на НАТО и пристапниот дијалог со ЕУ.

Голем дел од дискусијата што водеше до конференцијата беше за тоа дали пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Русија и Украина, Кит Келог, ќе го претстави својот долгоочекуван мировен план во главниот град на германската покраина Баварија.

Премиерот Мицкоски ќе предводи Владина делегација која ќе учествува на минхенската конференција при што ќе биде говорник и ќе земе учество на финалниот настан од затворањето на конференцијата посветен на ЕУ пристапните преговори на западниот балкан, како и панел дискусијата на Форин Полиси каде ќе говори за геополитиката, енергетската сигурност и улогата во промените на глобално ниво.

Воедно се очекуваат и повеќе билатерални средби со преставници на ЕУ и негови колеги од регионот.

Оваа прилика ќе биде искористена за претставување на македонските напори на патот кон ЕУ и потребата Унијата повеќе да се заложи за македонските интеграции и уважување на досегашните напори.

По завршувањето на конференцијата Мицкоски ќе отпатува за Вашингтон каде втор пат за кус период ќе учествува на настан на Американската Конзервативна Партија, поточно ЦПАЦ што е најголем собир на конзервативците.

Таму се очекува и негово обраќање, а претходно таму свој настап имале аргетинскиот претседател, премиерката на Италија и унгарскиот премиер.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер за надворешни работи ќе присуствува на 61. Минхенска безбедносна конференција

Следно

Стојкоски нема да учествува во „градоначалничка трка“ за Град Скопје: Мојот фокус на работа е општина Ѓорче Петров

Latest from Blog

Коњановски: Запуштениот простор зад полицијата во Битола доби нов изглед

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски информираше дека е завршено партерното уредување на просторот зад зградата на битолската полиција, локација каде претходно биле отстранети гаражи и времени објекти. Според Коњановски, станува збор

Туфегџиќ за Newsmax Balkans: Преширокото обвинение за „Пулс“ носи ризик од неправедна разврска

Трагедијата во „Пулс“ повторно го привлекува вниманието на регионалните медиуми, но сега дилемата е како правосудниот систем се справува со судење во кое обвинението повеќе личи на обид за општо расчистување со

ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД КАКО ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Наместо тенкови, драматична историја би можела да се тркала низ Москва

Овогодинешната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, која се одржува секоја година на 9 мај за да се одбележи падот на нацистичка Германија, ќе биде, како што веќе можете да забележите,

SIGAL Life Insurance Group – Сигурност со европски квалитет, мост меѓу локалните потреби и глобалните трендови

Интервју со Александра Шкемби Антовска, генерален директор на SIGAL Life Insurance Group, осигурителна компанија која долго и успешно опстојува на македонскиот пазар и е лидер во осигурувањето во регионот. Друштвото за осигурување „SIGAL Македонија“
Go toTop