Собранието дополнително ќе определи датум кога ќе гласа за членовите на Советот на ААВМУ за кои е потребно двотретинско мнозинство

February 13, 2025
2 mins read

Пратениците денеска не гласаа за кандидатите за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, кој ја води седницата, рече дека ќе биде определен дополнителен датум за гласање по оваа точка од дневниот ред, на што реагираше пратеникот од Демократската унија за интеграции Блерим Беџети, според кого се исполнети  условите за гласање. За да биде изгласана оваа точка од дневниот ред потребно е двотретинско мнозинство и Бадентерово мнозинство.

-Две третини од пратениците се присутни овде, од вкупниот број на пратениците и оние кои гласаат за двојно мнозинство и сите услови се исполнети за да се стави на гласање. Вие ги немате гласовите да го претставувате овој значаен орган и барате време за да ги обезбедите гласовите дополнително. Службите ни донесоа листови на македонски јазик, затоа барам еден час пауза да бидат и на албански јазик за пратениците да можат да ги прочитаат на свој мајчин јазик, рече Беџети.

Во општата расправа за збор се јави пратеничката од ДУИ Рина Ајдари, која посочи дека власта се обидува да избере луѓе кои не ги исполнуваат условите и се политички ориентирани што, како што рече, ќе се одрази врз слободата на медиумите.

-Се обидувате да изберете луѓе кои не ги исполнуваат условите, а тоа ќе се одрази врз слободата на медиумите. Овие луѓе се политички ориентирани и нема да бидат професионални, рече Ајдари.

На ова реплицираше пратеничката од Коалицијата „Вреди“ Саранда Имери – Стафаи која потсети дека вакви случаи имало и претходно, посочувајќи го примерот со Милаим Фетаи кој бил заменик претседател на Советот за радиодифузија, потоа генерален директор на Алсат, за потоа да биде ангажиран како член на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Според пратеничката Јована Мојсоска од Левица, со изборот на предложените кандидати, се врши партизација на Советот на ААВМУ.

-Јавноста треба да знае како денеска ќе се врши брутална партизација на уште едно тело, а тоа е Советот на ААВМУ што ја покажуива ароганцијата на новата Влада која нема слух за новинарскиот еснаф, кои претходно реагираа дека кандидатите кои денеска се тука за гласање не исполнуваат два клучни услови. Едниот е тоа што не ги исполнуваат ниту формалните услови согласно закон, а вториот услов е тоа што се работи за и тоа како истакнати партиски членови. Ова не е изолиран случај, се гледа тендецијата на новата власт да продолжи онаму каде што застанаа ДУИ и СДСМ, па дури денеска ги слушнавме аргументите зошто треба да бидат избрани овие членови, затоа што ДУИ и СДСМ претходно исто така работеле, па сега тоа треба да продолжи, рече Мојсоска.

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на седница на крајот од јануари ја утврди листата на кандидати на која се наоѓаат Виктор Павловски дипломиран инженер по производна информатика од Скопје, Сашо Стефановски дипломиран по филмска уметност и ТВ снимател од Скопје, Петар Џуровски дипломиран филмски и ТВ монтажер од Скопје, Цветанка Миновска дипломиран новинар од Скопје, Афрона Врзиволи дипломиран економист од Скопје, Нафије Селмани дипломиран професор по албански јазик и книжевност од Скопје и Гордана Мајнова дипломиран економист и магистер по комуникологија.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изрази загриженост поради изборот на кандидатите за членови на Советот на Агенцијата. Според нив, дел од избраните кандидати не ги исполнуваат формалните услови и имаат партиска позадина, што го доведува во прашање нивниот професионализам и независност. Апелираа до Собранието да избере компетентни и независни членови за да се обезбеди ефикасноста и непристрасноста на регулаторното тело.

Премиерот Христијански Мицкоски неодамна во изјава за медиумите рече дека изборот на кандидати е спроведен согласно законски одредби и секој оној кој ги исполнува, може да ја врши таа функција, додека лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче, денеска, на прес-конференција рече дека во рамки на пратеничката група ги разгледале сите „CV“ на кандидатите за членови на Агенцијата и сметаат дека сите критериуми се запазени.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реконструкција и изградба на ново крило на Специјалната болница „Св. Еразмо“-Охрид

Следно

Извршителите „ожнеале“ 160,6 милиони евра во 2024: За 19 години инкасирале 2,1 милијарди евра

Latest from Blog

Кина ги повика САД да го продолжат со дијалогот со Русија за стратешка стабилност

Кина ги повика Соединетите Американски Држави да ги продолжат со разговорите со Москва за стратешката стабилност и последователните аранжмани по истекот на новиот договор за намалување на стратешкото вооружување (Нов старт) меѓу

Арафат: Недостатокот на противпожарна заштита е заеднички за трагедиите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана

Заедничко за пожарите во клубовите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана е тоа што во сите три објекти немало или не се почитувале протоколите за заштита од пожари, кажа денеска во Скопје Раед

Декември 2025 натпросечно топол и потпросечно врнежлив

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Во споредба со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување
Go toTop