Предлог-законските измени за стаж на судиите и обвинителите до 67 години поминаа на собраниската Комисија за економски прашања

February 13, 2025
2 mins read

Продолжување на судската и јавно-обвинителската функција и по исполнување на утврдената старосна пензија до 67 години возраст, предвидува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи што помина денеска на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика.

Целта на измените, како што објаснија предлагачите, е надминување на состојбата во правосудството од аспект на дефицитот на човечки ресурси и соодветно функционирање на правосудниот систем, односно решавање на сите предмети и елиминирање на оправдувањата дека за какви било постапувања нема доволно судии или обвинители.

Според опозицијата, решението е парцијално и дискриминирачко зашто не им овозможува продолжување на стажот и на врвните експерти, технолози, инженери,.. кои и се потребни на државата, како и на работниците во приватниот сектор, особено на оние со дефицитарни струки.

– Голем дел од луѓето во правосудниот систем заминуваат во пензија, а во изминатиот период имаше и многу сериозни скандали во функционирањето на Академијата за судии и јавни обвинители за одредени избрани лица и за начинот на кој имаше прием на кандидати со тестови кои се предмет на истражна постпка. За да не настане одредена празнина во функционирањето, а гледаме дека во овој период има се позасилена борба против корупцијата и се поголем број отворени истраги и доставени докази до јавниот обвинител, сметаме дека на ваквиот начин ќе се обезбеди соодветна застапеност во насока на постапување по сите индиции за сторен криминал и отворени случаи пред Обвинителството, истакна пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ и еден од предлагачите на текстот.

Идејата на предлагачите на законот, напомена, е сите отворени случаи да бидат завршени.

– Целта е органите одговорни за прибавување докази да ги соберат и да ги достават до Јавното обвинителство, а тоа да ги преточи во обвинителен акт и да ги испрати до судовите за судиите да постапуваат. Кажавме дека сурово ќе се бориме против корупцијата и криминалот. Нема да дозволиме поради ваков системски пропуст кој е намерно направен претходните години, некој да биде амнестиран. Правдата треба да важи еднакво за сите и не може некој да се вади на тоа дека нема доволен број судии или обвинители за да бидат случаите завршени, рече Стојановски.

За Предлогот имаше три амандмани, сите поднесени од Моника Зајкова од ЛДП, но ниту еден не беше прифатен.

Димитар Ковачевски од СДСМ оцени дека предложеното решение е парцијално и на некој начин дискриминирачко зашто со него, освен на судиите, продолжен стаж им се овозможува и на сите избрани и именувани функционери, директори,… , но не и на врвните експерти, технолози, инженери,.. кои и се потребни на државата.

На ова се надоврза и Јованка Тренчевска, според која законот треба да се повлече и да им се овозможи и на работниците во приватниот сектор, особено на дефицитарните профили, да одат подоцна во пензија.

– Ако сте сакале решението да се однесува само на судиите и јавните обвинители сте можеле да го ставите во Законот за судовите и јавните обвинители. Можеби тогаш ќе верувавме дека интенцијата е навистина само за нив, а не и за сите избрани и именувани лица. исто така, не може избраните и именуваните лица со ограничен и неограничен мандат да се стават во еден кош зашто не е фер оние што се привилегирани во однос на платите, да бидат привилегирани и во однос на продолжувањето на работниот век, забележа Тренчевска.

Комисијата го проследи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи на натамошна постапка во Собранието.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Песков: Путин и Трамп се согласуваат дека е можно мирно решение за Украина

Следно

Трипуновски: Утре почнува исплатата на субвенциите за лозарите

Latest from Blog

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Награда “Илинден” и Благодарница “Илинден” по повод седумнаесетгодишнината

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден”. По повод седумнаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа

Кина ги повика САД да го продолжат со дијалогот со Русија за стратешка стабилност

Кина ги повика Соединетите Американски Држави да ги продолжат со разговорите со Москва за стратешката стабилност и последователните аранжмани по истекот на новиот договор за намалување на стратешкото вооружување (Нов старт) меѓу

Арафат: Недостатокот на противпожарна заштита е заеднички за трагедиите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана

Заедничко за пожарите во клубовите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана е тоа што во сите три објекти немало или не се почитувале протоколите за заштита од пожари, кажа денеска во Скопје Раед

Декември 2025 натпросечно топол и потпросечно врнежлив

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Во споредба со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете
Go toTop