Приведени крадци од Тетово и Желино – пронајдени повеќе украдени предмети

February 13, 2025
1 min read

На 12.02.2025 во 14.00 часот, поради основано сомнение дека се извршители на повеќе кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“ по член 235 и член 236 од Кривичниот законик, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода З.Џ.(23) од с.Желино, тетовско и А.А.(47) од Тетово.

При претреси во нивните домови и помошни простории во с.Желино, Тетово и во с.Озормиште, извршени со судска наредба, биле пронајдени предмети, разновиден алат и машини за домаќинство за кои постои сомнение дека потекнуваат од над 10 кражби и тешки кражби извршени во куќи, објекти и плацеви на подрачјето на општина Желино.

Предметите биле одземени и ќе им бидат вратени на сопствениците. З.Џ. и А.А. биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени  соодветни поднесоци.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

БГНЕС: 150 изгубени години: Бугарија и Македонија заедно против Коридорот 8

Следно

Божиновска со претставници на германската КfW банка: Поддршка за рентабилноста на ЕСМ и инвестиции во обновливи извори

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop