БГНЕС: 150 изгубени години: Бугарија и Македонија заедно против Коридорот 8

February 13, 2025
1 min read

Бугарскиот медиум bgnes.bg објавува напис и документарен филм за историјата на обидите за изградба на коридорот 8. Ви го пренесуване во целост.

Илјадници идеи, политики, планови, буџети, предлози, проекти и лаги. Безброј влади во Скопје и Софија и НУЛА резултати за 150 години. Истите земјени патишта по кои патуваа Гоце Делчев и Даме Груев.

Еве што раскажува краткиот филм на агенцијата БГНЕС „Бугарија и Македонија заедно против Коридорот 8“, кој можете да го погледнете на: https://www.youtube.com/watch?v=xBKJTJAR6KM

Главната задача на Коридорот е поврзување на Јадранот со Црното Море. Тој треба да стигне до италијанските пристаништа Бари и Бриндизи преку Албанија, Северна Македонија и бугарските градови Бургас и Варна. Коридорот комбинира автопат, железница и друга придружна инфраструктура. Недостасуваат сите три компоненти меѓу Софија и Скопје, а на веќе изграденото му треба целосна санација. По железничката пруга во Ѓуешево минуваат повеќе мачки скитници отколку возови. Вратите на станицата се заклучени, повеќе личи на сет за историски филм.

„Историјата на железничката линија Софија-Ќустендил-Скопје е постара од историјата на Третата бугарска држава“, нагласува во филмот историчарот доц. Ангел Јонев.

Бугарија е членка на Европската Унија и НАТО. Нејзината економија е поголема од онаа на Србија и Северна Македонија заедно. Софија дозволува сурово потсмев од Белград и од просрпските политичари во Скопје како Христијан Мицкоски и Александар Николоски. Бугарија со своето неработење во последните години заостанува во геополитичката игра на Балканот. Режимот на Александар Вучиќ дури се фали дека го елиминирал Коридорот 8 во корист на Коридорот 10 – во правец север-југ. Тука интервенира историскиот сојузник на Србија, Грција.

„Ние сме заинтересирани и за развој на вертикална инфраструктура, но мора да се развие и Коридорот 8. Пристаништето во Солун беше провинциско, а сега ги има сите шанси да добие исклучително економско значење. Она што ќе го направиме е наша работа“, вели Стефан Стојанов, поранешен бугарски амбасадор во Грција во периодот 2002-2006 година.

Бугарија стои со скрстени раце и троши историска шанса. Транспортните врски се непроценливи не само за билатералните односи, туку и за меѓучовечките односи. Во исто време, Тирана создава транспортен прстен со сите соседни земји каде живее компактно албанско малцинство, а Грција останува лидер на Балканот во транспортната инфраструктура.
Поминаа изгубени децении, во кои беа пропуштени можностите за вистинско зближување со Македонија. Нема простор за повеќе изговори. Денеска никој нема да не чека – ниту НАТО, ниту Европската Унија, ниту пак бугарските злонамерници.

Вицеадмирал на морнарицата Пламен Манушев го поставува прашањето: „Како ќе се спроведува логистиката за борбената група на НАТО во Бугарија без транспортни врски со Италија?

Коридорот 8 е клучен приоритет за Европската унија и критичен за воената мобилност на НАТО на Балканот. Уште колку децении треба да поминат пред да ги поврзе Бугарија и Македонија?

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Велковски на работна средба со експерти од ИПА проектот „Поддршка на системот за обезбедување на квалитет на социјалните услуги“

Следно

Приведени крадци од Тетово и Желино – пронајдени повеќе украдени предмети

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop