Уставен суд: Ако Собранието не постапи по нашите насоки ќе донесеме конечна одлука со поништувачки карактер за Кривичниот законик

February 12, 2025
1 min read

Уставниот суд преку соопштение објавено на веб страната на судот ја информира јавноста дека донесе одлука да се поведе постапка за оценување на уставноста на Законските измени и дополнувања на Кривичниот законик, во целина.

„Дополнително, одлучено е Уставниот суд да испрати Известување до Собранието за сомнежите и сознанијата во овој предмет и да му даде рок од максимални шест месеци за да ги коригира спорните законски одредби.  Судот во оваа фаза од постапката изрази сомнеж дека оспорениот акт е во спротивност со темелните вредности на уставниот поредок, односно дека е во спротивност со владеењето на правото уредено со членот 8 став 1 алинеја 3, како и дека не е во согласност со гарантираната уставна заштита за еднаквост на сите граѓани пред Уставот и законите, предвидена со членот 9 став 2 од Уставот“, пишува во соопштението. 

Судот смета дека под сомнеж може да се стави и материјалниот и формалниот аспект. Неспорно е дека Собранието има надлежност за нормирање на општествени односи, но во овој случај Судот се сомнева дека Законодавецот не водел сметка за уставно-правната реалност и последиците кои ќе настанат по донесувањето на овие законски измени, а се во насока на предизвикување на нееднаквост во казнената политика за сите граѓани.

„Уставниот суд изразува сомнеж и за формалниот аспект, односно за постапката на донесување на овој Закон, поради носење на измените во процедура во која се користи европско знаменце иако нема оправдана, деловничка цел за тоа. Согласно Актот на Судот, доколку Собранието не постапи по насоките за законски интервенции, Уставниот суд ќе премине во следната фаза од постапувањето, односно ќе се донесе конечна одлука, која може да има укинувачки или поништувачки карактер, во зависност од проценката на тежината на повредата“, пишува Уставен.

Судот го зема предвид фактот дека може да настане правна празнина и евентуални последици во отсуство на казнените одредби на кои би се повикале судиите во кривичните постапки, доколку се донесе конечна одлука во следната фаза, без да го извести Собранието и да побара интервенции и токму ова беше клучно да се одлучи прво да се обрати до Законодавниот дом кој е надлежен за интервенирање во законите. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Укажувањето на д-р Чибишев вроди со плод: Проверено од институциите – нема токсична туна во Македонија!

Следно

Димовски: Наскоро нови инвестиции, едната од нив ќе прозведува за БЕКО – инвестиции од 95 милиони евра, повеќе од 700 вработувања

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop