Трамп не се откажува: Повторува дека Америка ќе ја окупира Газа и открива каде мисли дека ќе живеат раселените Палестинци 

February 12, 2025
1 min read

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно изјави дека САД ќе ја окупираат Газа, а Палестинците од областа ќе живеат во Јордан и Египет. 

На новинарско прашање ‘по чија надлежност ќе ја окупира Газа’, тој рече: „Со авторитетот на САД“. 

Трамп додаде дека Палестинците ќе живеат безбедно на териториите на кои ќе бидат раселени.

„Верувам дека 99 отсто ќе се договориме со Египет. Ќе управуваме со Газа правилно, нема да ја купиме“, рече Трамп. 

Тој исто така откри дека не планира лично да се вклучи во обновата на палестинската енклава. 

„Кога Газа ќе се развие, по долго време, ќе се отворат многу работни места кои ќе ги привлечат луѓето во регионот“, рече американскиот претседател, нагласувајќи дека израелската анексија на окупираниот Западен Брег „ќе успее“. 

Трам оцени дека Хамас нема да го исполни условот да ги ослободи преостанатите заложници до сабота. 

„Ако Хамас не ги ослободи сите заложници до сабота, сите опции се на маса“, рече Трамп.Reply

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: Мисајловски на состанок на контакт групата за Украина со министри и високи претставници на 50-тина земји

Следно

МНР на Бугарија со реакција: Изјавите на Мицкоски ги поткопуваат напорите за градење добрососедски односи и европска интеграција

Latest from Blog

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата,

Далиќ започна на блескав начин како селектор на ОАЕ

По речиси една деценија брилијантно водење на хрватската репрезентација, Златко Далиќ одлучи да замине во Азија, каде што ја презеде селекцијата на Обединетите Арапски Емирати. Синоќа тој дебитираше за новата репрезентација и

Николоски: Од март „Флајдубаи“ директно ќе лета од Дубаи до Скопје

Од март 2027 година ќе биде воспоставена директна авиолинија меѓу Дубаи и Скопје, а паралелно се водат разговори за директно поврзување на Охрид со еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати, соопшти

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop