Мицкоски неуморен, продолжува да ги менува првите луѓе на институциите, за опозицијата тој ја партизира администрацијата

February 12, 2025
2 mins read

На денешната собраниска седница, владејачкото мнозинство предводено од ВМРО ДПМНЕ ги разреши директорот на Агенцијата за администрација, Спасе Глигоров и неговиот заменик Агрон Сефери. Мнозинството донесе Одлуката и за разрешување на директорот на Агенцијата за квалитет во високото образование Расим Зуфери. Власта ваквиот чекор го образложи дека првите луѓе на овие институции ги злоупотребиле своите функции. Според опозициската СДСМ, обвинувањата се лажни и дека ги прекрпува законите во постапките за разрешување. Пратеничката од редовите на СДСМ, Јованка Тренчевска рече дека ДПМНЕ, прави упад во правниот систем.

„Се изнаслушавме невистини. Предлогот за разрешување е незаконски и претставува класичен пример за самоволие на власта, како и непочтиување на законската обврска и собраниските процедури. Уште еднаш правите упад во правниот систем“, рече Тренчевска.

Според координаторот на СДСМ, Оливер Спасовски, власта се крие зад лажниот патриотизам и морализирање. Тој посочи дека ‘разрешувањето ќе се спроведе зашто е волја на мнозинството, но треба да биде легално, низ законски процес, со почитување на собраниската процедура’.

„Се поставува прашањето дали тоа што го имате како политичка волја треба да го реализирате согласно законските одредби и Собранискиот деловник. Барем во тој дел формата треба да биде испочитувана и тука најголемата одговорност ја има претседателот на Собранието. Требало да укаже материјалот да се поправи, да има две точки – една за разрешување на директорот, друга за разрешување на заменик дирекорот или да побара да се води единствен претрес во однос на овие точки, но гласањето никако не може да биде заедничко и во една одлука зашто Агенцијата не е колективно тело на раководење, собраниска комисија или делегација па заеднички да се иемнуваат или разрешуваат директорите. На сила туркате нешто, оправдувајќи го со некаква наводна ефикансост“, рече Спасовски.

 Пратеникот на ДУИ,Талат Џафери и координаторот на пратеничката група на интегративците, Блерим Беџети обвинија дека власта не бира средства за да ја партизира администрацијата.

Џафери, посочи дека спикерот, Африм Гаши, го крши Деловникот зашто дозволува директорот и замник директорот кои биле избрани на две различни седници, во два временски периода, сега да се разрешат на иста седница. Тоа првпат се случува, нагласи Џафери, укажувајќи му на Гаши дека прави парадокс.  

„Ова е исто како да разрешувате министер и заменик министер. Но, така е кога претседателот работи со прирачник, а не со Деловник. Барам да ја повлечете точката и да предложите нова, како што треба. Секако не знаете, немате врска со Деловникот, ве води некој друг, вие треба да дадете оставка, не ја водите седницата правилно, според Деловникот, правите парадокс“, рече Џафери.

Беџети се надоврза со констатцијата дека ова е злоупотреба на институциите и на државните органи.

„Ова е партизација на администрацијата, потврда дека со сила се диктираат сите институции што е спротивно на препораките од ЕК. Целта е евидентна, се праќа порака дека волјата на ова мнозинство е да прави диктат, да ја партизира администрацијата без ниту едно образложение. Тоа е диктатура. Директорот и заменкот се избрани на различни седници, и разрешувате сега на една седница, а притоа нема образложение пред јавноста. Требаше премиерот да ја објасни постапката“, нагласи Беџети.

Собранието во рамки на попладневниот дел од седницата ја донесе и Одлуката за објавување јавен оглас за именување претседател и членови на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Разрешени директорите на Агенцијата за администрација и на Агенцијата за квалитет во високото образование

Следно

Трифонов: Македонците немаат ниту грам благодарност, и покрај компромисите кои ги направија сите бугарски влади

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова одговара што си кажаа со Трамп на средбата во Хаг

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска имаше кратка средба со претседателот на САД, Доналд Трамп, во рамките на Самитот на НАТО во Хаг. На прашањето што си кажаа со Трамп, Сиљановска одговори: „Со него

НАТО-сојузниците се обврзаа да издвојуваат 5 % од БДП за одбрана до 2035 година

ХАГ – Земјите членки на НАТО на денешниот самит во Хаг едногласно усвоија декларација со која се обврзуваат до 2035 година да издвојуваат по најмалку пет проценти од нивниот бруто-домашен производ за

Б.Б. ОД ОХРИД ЌЕ ВОЗИ МЕРЦЕДЕС АМГ, ОСВОЕНИОТ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

Б. Б. од Охрид конечно пристигна во Видеолотарија Касинос Австрија. Тој е среќниот играч кој на 07.06.2025 ја освои најпосакуваната добивка, Премиум џекпотот и ќе го вози фантастичниот МЕРЦЕДЕС АМГ. Во Видеолотарија Касинос Австрија

Експлозии одекнаа во два сириски крајбрежни града по пожар во поранешен воен објект

ИСТАНБУЛ (АА) – Експлозии одекнаа утринава во крајбрежните градови Џабле и Бањас во Сирија, објави државната новинска агенција САНА, јавува Анадолу. Облак од чад беше видлив во селото Џабле по пожарот во
Go toTop