Разрешени директорите на Агенцијата за администрација и на Агенцијата за квалитет во високото образование

February 12, 2025
3 mins read

Собранието попладнево во рамки на 34. седница ја донесе Одлуката за разрешување на директорот на Агенцијата за администрација Спасе Глигоров и на неговиот заменик Агрон Сефери. Донесена беше и Одлуката за разрешување на директорот на Агенцијата за квалитет во високото образование Расим Зуфери.

Пред изгласувањето на одлуките претходеа куси расправи.

Талат Џафери и Блерим Беџети од ДУИ побараа да биде повлечена од дневен ред точката за разрешување на Глигоров и Сефери. Обвинија дека со ваквиот начин на разрешување власта потврдува дека врши партизација на администрацијата.

Според Џафери, претседателот на Законодавниот дом Африм Гаши не ја води седницата согласно Деловникот зашто дозволува директорот и замник директорот кои биле избрани на две различни седници, во два временски периода, сега да се разрешат на иста седница. Тоа првпат се случува, нагласи Џафери, укажувајќи му на Гаши дека прави парадокс.

-Ова е исто како да разрешувате министер и заменик министер. Но, така е кога претседателот работи со прирачник, а не со Деловник. Барам да ја повлечете точката и да предложите нова, како што треба. Секако не знаете, немате врска со Деловникот, ве води некој друг, вие треба да дадете оставка, не ја водите седницата правилно, според Деловникот, правите парадокс, истакна Џафери.

Беџети се надоврза со констатцијата дека ова е злоупотреба на институциите и на државните органи.

-Ова е партизација на администрацијата, потврда дека со сила се диктираат сите институции што е спротивно на препораките од ЕК. Целта е евидентна, се праќа порака дека волјата на ова мнозинство е да прави диктат, да ја партизира администрацијата без ниту едно образложение. Тоа е диктатура. Директорот и заменкот се избрани на различни седници, и разрешувате сега на една седница, а притоа нема образложение пред јавноста. Требаше премиерот да ја објасни постапката, нагласи Беџети.

На Џафери и Беџети им реплицираше Малиша Станковиќ од Социјалистичка партија според кој, нема поголема причина за разрешување на Глигоров и Сефери од Извештајот на Државниот завод за ревизија кој утврдил незаконитости во работењето на Агенцијата за администрација.

-Барате образложение кое наводно не го добиете… ако го прочитате образложението ќе видите дека се темели на извештајот на Државниот завод за ревизија. Заводот го исконтролирал работењето на Агенијата и заклучил дека има бројни неправилности, дури оперира и со изразот незаконско работење. Со таков извештај, што треба повеќе како доказ за да бидат разрешени директоорт и заменик директоорт?, рече Станковиќ. Сппрно не е што се разрешуваат, туку зошто вие претходно не сте ги разрешиле…за тоа дека на иста седница се разрешуваат, нема врска со прваото. Не навлегувајте во поле кое не го разбирате.

И Весна Бендевска се јави за збор. Беше децидна дека Глигоров и Сефери мора да бидат разрешени зашто, како што посочи, ги злоупотребувале своите функции.

На ова реплицираше Јованка Тренчевска од СДСМ според која, се што кажала Бендевска е невистина.

-Се изнаслушавме невистини. Предлогот за разрешување е незаконски и претставува класичен пример за самоволие на власта, како и непочтиување на законската обврска и собраниските процедури. Уште еднаш правите упад во правниот систем, рече Тренчевска.

Според Оливер Спасовски, јасно е дека разрешувањето ќе се спроведе зашто е волја на мнозинството, но треба да биде легално, низ законски процес, со почитување на собраниската процедура.

-Се поставува прашањето дали тоа што го имате како политичка волја треба да го реализирате согласно законските одредби и Собранискиот деловник. Барем во тој дел формата треба да биде испочитувана и тука најголемата одговорност ја има претседателот на Собранието. Требало да укаже материјалот да се поправи, да има две точки – една за разрешување на директорот, друга за разрешување на заменик дирекорот или да побара да се води единствен претрес во однос на овие точки, но гласањето никако не може да биде заедничко и во една одлука зашто Агенцијата не е колективно тело на раководење, собраниска комисија или делегација па заеднички да се иемнуваат или разрешуваат директорите. На сила туркате нешто, оправдувајќи го со некаква наводна ефикансост, рече Спасовски кој воедно ја обвини Весна Бендевска за лажен патриотизам и лажно морализирање.

Во врска со разрешувањето на директорот на Агенцијата за квалитет во високото образование Расим Зуфери за дискуија се јави Сали Мурати од Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија.

-Не одлучуваме само за една функција или личност, туку за принципите по кои ќе функционира правната држава. Дали некој функционер може да биде разрешен без докази и без право на одбрана? Ако сега дозволиме вакви постапки да поминат, секој од нас утре може да биде на удар на овој механизам. Нема доказ, ниту основа за разрешувањето. Загрижува начинот како власта се обидува да го злоупотреби редовниот шестмесечен извештај од јули 2024 година. Редовниот извештај одеднаш станува главен аргумент за разрешување, а поминал без никакви забелешки, рече Мурати.

Му возврати Велика Стојкова Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Наместо да го уанпреди, директорот на Агенцијата го уназади квалитетот на образованието. Доделуваше незаконски лиценци за отворање факултети и катедри. Него го браните? Треба да работиме за добро на образованието и не зборуваме тука за етничка припадност, туку за квалитет и тоа за високо образование, потенцира пратеничката.

Собранието во рамки на попладневниот дел од седницата ја донесе и Одлуката за објавување јавен оглас за именување претседател и членови на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

По разрешувањето на директорот и заменик директорот на Агенцијата за администрација претседателот на Собранието, Гаши ја прекина седницата и рече дека нејзиното продолжение ќе биде дополнително закажано.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Владата го објави новиот повик за финансирање општински проекти

Следно

Мицкоски неуморен, продолжува да ги менува првите луѓе на институциите, за опозицијата тој ја партизира администрацијата

Latest from Blog

Николов во 24 анализа: Сам обезбедувам сензор за мерење на нивото на шеќер во крвта, тоа ме кошта од 45 до 55 евра за 14 дена

Оперативниот директор на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија и пациент со Т1 дијабетес, Мартин Николов во 24 анализа рече дека сам обезбедува сензор за мерење на нивото на шеќер во

Трамп рече дека очекува да се сретне со Путин „најверојатно“ во Саудиска Арабија

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека очекува да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин „најверојатно“ во Саудиска Арабија на првиот од, како што рече, серијата состаноци фокусирани

СДСМ ќе избира претседател на 16-ти март

СДСМ ќе избира претседател на 16 март, одлучи партискиот Централен одбор (ЦО). -Согласно Статутарните одредби, Централниот одбор донесе Одлука за распишување на директни внатрепартиски избори за избор на Претседател на СДСМ кои

Димовски: Наскоро нови инвестиции, едната од нив ќе прозведува за БЕКО – инвестиции од 95 милиони евра, повеќе од 700 вработувања

Гоце Димовски, директор на ТИРЗ во емисијата Бизнис 21, кажа дека во скоро време се планирани две големи инвестиции од 95 милиони евра, и две компании кои ќе вработат повеќе од 700
Go toTop