Преку системот на Европол ќе се обезбедуваат податоци за банкарски сметки и имот во странство на корумпирани бизнисмени и функционери

February 12, 2025
1 min read

Јавното обвинителство на Република Македонија, преку јавниот обвинител за врски на Република Македонија со Европравда одржа претходно договорен онлајн состанок со претставници на специјализираниот аналитички центар на Европол надлежен за борба против корупцијата со цел разгледување на можностите за воспоставување продлабочена соработка во предмети од областа на корупцијата.

Врз основа на заклучоците од состанокот и на претходните согледувања од спроведувањето на Упатството за давање приоритет на предметите за кривични дела од областа на корупцијата и од особен јавен интерес, Јавниот обвинител на Република Македонија денеска го дополни тоа задолжително упатство за да ја уреди постапката за обезбедување на податоци и информации за банкарски сметки, имот или предмети од интерес кои се лоцирани во странство, а кои се однесуваат на предмети од областа на корупцијата, без оглед дали учесници во корупција се приватни лица, лица со јавни овластувања или носители на јавни функции, односно против сите инволвирани во акти на корупција без оглед на нивна улога и статус.

Согласно донесените одредби, доколку во предметите за кривични дела од областа на корупцијата постојат информации или индиции дека осомничените лица може да поседуваат банкарски сметки, имот или предмети од интерес кои се лоцирани во странство, потребно е задолжително да се испитаат таквите околности, а јавните обвинители притоа добиваат можност да ја користат експертизата и дата базите на Европол.

Упатството е донесено пред се имајќи ја предвид долготрајноста на постапките за меѓународна соработка, па предност дава на проверка на индициите и информациите за постоење на банкарски сметки, имот или предмети од интерес кои се лоцирани во странство преку каналите на полициска соработка на Европол, пред да започне формалниот процес на обезбедување на докази по пат на меѓународна соработка.

Проверките ќе се вршат преку Европскиот центар за економски и финансиски криминал (EFECC) и тоа од Тимот за финансиски криминал – Аналитичкиот проект против корупција, при што упатството го појаснува начинот на кој се подготвува таквото барање, како и начинот на проследување на барањето и роковите за постапување.

Мерките кои ги презеле јавните обвинители за проверка на наведените околности треба да бидат составен дел од извештаите кои задолжително треба да ги поднесуваат јавните обвинители согласно претходно донесеното упатство.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нема шанси за минималец 500 евра во март?! – Трендафилов: Ако бидат безобразни, ќе бидеме побезобразни

Следно

Австриските десничарски партии се согласија за забраната за носење марами во училиштата

Latest from Blog

Коњановски: Запуштениот простор зад полицијата во Битола доби нов изглед

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски информираше дека е завршено партерното уредување на просторот зад зградата на битолската полиција, локација каде претходно биле отстранети гаражи и времени објекти. Според Коњановски, станува збор

Туфегџиќ за Newsmax Balkans: Преширокото обвинение за „Пулс“ носи ризик од неправедна разврска

Трагедијата во „Пулс“ повторно го привлекува вниманието на регионалните медиуми, но сега дилемата е како правосудниот систем се справува со судење во кое обвинението повеќе личи на обид за општо расчистување со

ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД КАКО ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Наместо тенкови, драматична историја би можела да се тркала низ Москва

Овогодинешната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, која се одржува секоја година на 9 мај за да се одбележи падот на нацистичка Германија, ќе биде, како што веќе можете да забележите,

SIGAL Life Insurance Group – Сигурност со европски квалитет, мост меѓу локалните потреби и глобалните трендови

Интервју со Александра Шкемби Антовска, генерален директор на SIGAL Life Insurance Group, осигурителна компанија која долго и успешно опстојува на македонскиот пазар и е лидер во осигурувањето во регионот. Друштвото за осигурување „SIGAL Македонија“
Go toTop