Муцунски во работна посета на Австралија

February 12, 2025
1 min read

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, престојува во работна посета на Австралија, што претставува прва посета на министер за надворешни работи на Северна Македонија во Австралија по 15 години.

Оваа посета, како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, се совпаѓа со значајниот јубилеј – 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

Во рамки на посетата, министерот Муцунски денеска остварил билатерална средба со австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг. На средбата, министрите ги потврдиле одличните билатерални односи помеѓу двете земји и размениле ставови за актуелните геополитички предизвици, вклучувајќи прашања поврзани со регионалната стабилност и глобалната безбедност.

Министерот Муцунски изразил благодарност за поддршката што локалните и федералните власти во Австралија ја даваат за зачувување на македонскиот идентитет и изучување на македонскиот јазик, како и за напорите на македонската дијаспора во промоцијата и зачувувањето на македонската култура и традиција.

Министерката Вонг ја нагласила значајноста на оваа прва министерска посета по речиси две децении, истакнувајќи ја нејзината симболика во контекст на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи.

Двете страни, како што е наведено во соопштението, се согласиле за клучната улога на македонската дијаспора во билатералните односи и изразиле подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог и зајакнување на билатералната соработка, со посебен фокус на економските односи помеѓу двете земји. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: За многу скоро пуштање на делницата Дреново – Фариш

Следно

Сѐ уште нема договор кој ќе управува со Скопската тврдина Кале

Latest from Blog

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една

Пезешкијан од хотел во Њујорк ги откри плановите на Иран за убиство на Трамп и за нуклеарното оружје (ВИДЕО)

За време на обемното интервју, еден ден по обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, Пезешкијан ги повтори добро познатите ставови на Иран за војната, неговата нуклеарна програма и внатрешното незадоволство. Тој,
Go toTop