Мицкоски: Најпрвин економски да се зајакне државата, а потоа со консолидираните пари да се отвораат конзулати во Корча, но и на други места

February 12, 2025
2 mins read

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека стратегија на Владата е најпрвин економски да се зајакне земјава, а потоа од консолидираните пари да се отвори македонски конзулат не само во во Корча, туку и во други земји во светот.

-Резултат на таа економска бездна во која што ние се наоѓаме се токму оние 180 евра буџет што ги добива македонскиот амбасадор во Тирана. И не само во Тирана, туку и 300 евра добива месечен буџет македонскиот амбасадор во Брисел, 300 долари добива македонскиот амбасадор во САД, бидејќи толку има ова покрадена, опљачкана Македонија која ние се обидуваме некако да ја консолидираме за да можеме со тие пари кои ќе ги консолидираме да отвориме не само конзулат во Корча, туку и во многу други места во светот, рече Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеникот на Левица, Димитар Апасиев дали нашата Влада ќе се заложи да се отвори македонски конзулат во Корча.

Премиерот потенцира дека во меѓувреме додека не можеме тоа да го направиме, односно го немаме тој капитал за тоа да го направиме, се обидуваат да дејствуваат преку почесни конзули. Се надева дека многу скоро од денеска ќе имаме конзулат и во соседна Албанија.

Нагласи дека ако сакаме навистина да зборуваме на ниво на стратегија е подготвен да разговара со секој, кој има конструктивен предлог.

-Македонците не само во Албанија, туку и во Србија, и во Бугарија, и во Грција и во Косово, и насекаде во светот, треба да знаат дека еден од главните приоритети на оваа Влада се токму тие, но и оние кои биле дел од таа економска асимилациона политика. Затоа, ајде заедно нормално да разговараме и да правиме стратегија како најпрвин економски да ја зајакнеме Македонија, порача Мицкоски.

Потенцира дека ниту тој нема да го политизира ова прашање и посочи дека на средбата што се одржа викендов во Корча на македонските парламентарни партии со Македонците во Албанија учествувале и други владини претставници.

-Ниту јас нема да го политизирам ова прашање. Иако морам да кажам дека имам поголема институционална меморија во нашите контакти и комуникација со нашинците не само во Албанија, туку и во останатите соседни држави, но не само соседните држави, туку и во многу држави во светот. За да бидеме чесни до крај и да бидеме точни и прецизни, мора да признаете дека вашата колешка Лидија Петковска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ исто така беше на тој настан во Корча, исто како што беше и националнуиот координатор Затуровска и заменик-министерот на надворешни работи Зоран Димитровски. Да не биде сега дека не било претставена Владата или не бил претставен Парламентот, или ВМРО-ДПМНЕ. Иако како ВМРО-ДПМНЕ имаме редовна комуникација, рече тој.

Премиерот нагласи дека суштинското прашање е зошто во земјава, каде има околу 700-800 Бугари, кои што декларираат дека мајчин јазик им е бугарскиот, треба бидат ставени во Устав, додека Албанија со осум илјади Бугари според бројките од пописот го нема тој услов.

-На пописот во 2011 година во Албанија има декларирано 5,5 илјади Македонци. Сега има околу 2300. Вие рековте 2000, еве јас ќе ве исправам отприлика се 2300 и некаде осум илјади илјади Бугари. А во пописот во 2011 година во Албанија има нула Бугари. Прашањето е следно: Ако сега на овој попис во 2023 година има повеќе осум илјади Бугари, а во 2011 година 5,5 илјади Македонци а сега има 2300, теоретски останатите три илјади да потпаднале под асимилаторската бугарска политика, како што вие велите, овие што ја сочинуваат преостанатата разлика до осум илјади, што се, Албанци? Ние се грижиме за македонското малцинство насекаде. Вистинското прашање е зошто во Македонија околу 700-800 Бугари кои што декларираат дека мајчин јазик им е бугарскиот треба да ги ставиме во Устав, а зошто Албанија го нема тој услов овие осум илјади да ги стави во Уставот? Тоа е суштинското прашање. Јас би сакал ние да разговараме како граѓани Македонци и останати, не само Македонци, туку и Албанци, Турци, Бошњаци, Срби, Роми и Власи. Ајде да видиме зошто дозволивме ова да се случи. Тоа е суштинското прашање, рече Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сопругата на уапсениот градоначалник на Тирана за 4 години на фустани и накит потрошила неверојатни 860.000 евра

Следно

Николоски: За многу скоро пуштање на делницата Дреново – Фариш

Latest from Blog

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме

Хаос во Индија: Само што си замина Меси – на теренот летаа шишиња (ВИДЕО)

Посетата на Лионел Меси на Индија беше одбележана со инцидент во Калкута, каде што настана хаос откако незадоволни навивачи влетаа на теренот на стадионот „Солт Лејк“, објавија локалните медиуми. По пристигнувањето во
Go toTop