Муцунски на средба со австралиската министерка за надворешни работи

February 12, 2025
1 min read

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, престојува во работна посета на Австралија, што претставува прва посета на министер за надворешни работи на Северна Македонија во Австралија по 15 години. Оваа посета се совпаѓа со значајниот јубилеј – 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

Во рамки на посетата, министерот Муцунски денеска оствари билатерална средба со австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг. На средбата, министрите ги потврдија одличните билатерални односи помеѓу двете земји и разменија ставови за актуелните геополитички предизвици, вклучувајќи прашања поврзани со регионалната стабилност и глобалната безбедност.

Министерот Муцунски изрази благодарност за поддршката што локалните и федералните власти во Австралија ја даваат за зачувување на македонскиот идентитет и изучување на македонскиот јазик, како и за напорите на македонската дијаспора во промоцијата и зачувувањето на македонската култура и традиција.

Министерката Вонг ја нагласи значајноста на оваа прва министерска посета по речиси две децении, истакнувајќи ја нејзината симболика во контекст на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи.

Двете страни се согласија за клучната улога на македонската дијаспора во билатералните односи и изразија подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог и зајакнување на билатералната соработка, со посебен фокус на економските односи помеѓу двете земји.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО Гори куќа во центарот на Штип

Следно

Христијаните од Хама тврдат дека режимот на Асад убивал неселективно во масакрот во 1982 година

Latest from Blog

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една

Пезешкијан од хотел во Њујорк ги откри плановите на Иран за убиство на Трамп и за нуклеарното оружје (ВИДЕО)

За време на обемното интервју, еден ден по обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, Пезешкијан ги повтори добро познатите ставови на Иран за војната, неговата нуклеарна програма и внатрешното незадоволство. Тој,
Go toTop