11-годишно девојче почина од птичји грип во Камбоџа

February 23, 2023
1 min read

ПНОМ ПЕН (АА) – Единаесетгодишно девојче почина во болницата во Камбоџа каде што беше лекувано од птичјиот грип, именуван како Х5Н1, известува Анадолу.

Министерството за здравство на Камбоџа извести дека детето кое живеело во едно село во подрачјето на градот Преј Венг и било префрлено во болница во главниот град Пном Пен на 16 февруари со поплаки на кашлица, болки во грлото и треска до 39 степени, починало, и покрај медицинската интервенција.

Во соопштението се наведува дека станува збор за прв случај на птичји грип во Камбоџа од 2014 година досега.

Освен тоа, Министерството информира дека се земени примероци од дивите птици што се застапени во регионот во кој живеело починатото девојче и упатиле предупредување да не се допираат мртвите или болни птици.

Мам Бунхенг, министерот за здравство на Камбоџа, соопшти дека птичјиот грип претставува висок ризик за децата кои собираат јајца од домашната живина.

Според Светската здравствена организација (СЗО), во Камбоџа од 2003 до 2014 година имало 56 случаи на птичји грип, од кои 37 резултирале со смрт.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Разрешени министрите Сали, Алити и Чупи

Следно

Две жени и еден маж каснати од улични кучиња

Latest from Blog

Божиновска: СДСМ, покажете го доказот или повлечете ги лагите – политичката борба не е лиценца за клеветење

Категорично ги отфрлам и ги демантирам лагите и тенденциозните конструкции што СДСМ ги изнесе на прес-конференцијата на 20 септември 2026 година, со кои без ниту еден доказ се прави обид да се

Манчестер јунајтед во јануари ќе купува нов напаѓач

Манчестер јунајтед би можел да има бурен јануарски преоден рок, особено во нападот. Неизвесноста околу здравствената состојба на Бењамин Шешко дополнително ги натера челниците на клубот да размислуваат за засилување во офанзивната

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

 Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат
Go toTop