Глобалниот имиџ на Туркије во подем, покажува анкета

February 11, 2025
1 min read

АНКАРА / ИСТАНБУЛ (АА) – Перцепцијата за Туркије се менува позитивно паралелно со нејзиното зголемено меѓународно влијание, според извештајот за 2025 година на Минхенската безбедносна конференција, подготвен врз основа на анкети спроведени во повеќе земји, јавува Анадолу.

Според извештајот, во сите анкетирани земји, освен Франција, поголем процент од испитаниците ја гледаат Туркије како сојузник отколку како закана, при што во многу од земјите разликата е двоцифрена.

Разликата помеѓу оние кои ја сметаат Туркије за сојузник во однос на оние кои ја гледаат како закана изнесува 28 поени во Велика Британија и Јапонија, 26 поени во Кина, 25 поени во Индија, 19 поени во Јужна Африка, 14 поени во САД и Канада, 10 поени во Бразил, пет поени во Италија и два поени во Германија.

Само во Франција процентот на оние кои ја сметаат Туркије за закана е поголем од оние кои ја гледаат како сојузник, но разликата е минимална – за само два поени.

Во споредба со претходната анкета, најголемо зголемување на процентот на луѓе кои ја гледаат Туркије како сојузник е забележано во Германија и Велика Британија (по 11 поени кај двете земји), Италија (девет поени), Франција (осум поени) и Канада (шест поени).

По Јужна Кореја, Туркије е втората земја со најголема позитивна промена во перцепцијата изминатата година, а по неа следуваат Велика Британија, Бразил и Полска.

Имиџот на САД и Израел најмногу страда

САД и Израел беа земјите чиј имиџ на сојузник најмногу настрада. Процентот на луѓе кои ги сметаат САД за сојузник падна за 15 поени во Франција, 11 поени во Јапонија, девет поени во Германија и шест поени во Велика Британија.

Извештајот исто така го потенцира значителниот пораст на процентот на луѓе кои го гледаат Израел како „закана“ во споредба со претходната анкета, што се совпаѓа со обвинувањата од меѓународните судови, организациите за човекови права и бројни светски лидери дека 15-месечната офанзива на Газа претставува геноцид.

Процентот на оние кои го гледаат Израел како закана се зголемил за 12 поени во Италија, 11 поени во Франција, девет поени во Велика Британија, осум поени во Германија и Јапонија, како и за четири поени во САД, Кина и Бразил.

Израел е единствената земја која забележала пораст на перцепцијата како закана во сите земји каде што е направена анкетата.

Извештајот беше објавен во пресрет на 61-та Минхенска безбедносна конференција, која започнува в петок и ќе се фокусира на прашања од областа на одбраната и надворешната политика.

Анкетите беа спроведени во Германија, САД, Велика Британија, Франција, Италија, Бразил, Јапонија, Канада, Индија, Кина и Јужна Африка.

Меѓу овие главно западни земји, најпозитивни промени во перцепцијата се забележани кај Туркије, Јужна Кореја, Полска и Велика Британија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Истражување: Само 11 отсто од младите Британци изјавиле дека ќе земат оружје и ќе се борат за својата земја

Следно

Јаневска: Преку мобилна апликација родителите ќе имаат увид во образовниот напредок на нивните деца

Latest from Blog

Ангелов: Ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“, состојбата сега е стабилна

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов изјави дека околу 2:30 часот по полноќ добиле дојава дека повторно има горење на депонијата „Дрисла“ и веднаш се упатил таму. -Се гледаа одредени пламени јазици, но

Тудор после Интер: Беше лудо, не знам дали ја заслуживме победата!

Во италијанското дерби полно со пресврти, Јувентус го победи Интер со 4:3 пред своите навивачи. Победничкиот гол беше постигнат во судиското продолжение. Тренерот на Стара дама, Игор Тудор, призна по натпреварот дека

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop