Пандовски од Транспаренси: Падот на индексот се должи на лошата работа на Судскиот совет, Академијата за судии и корумпираните судии и обвинители

February 11, 2025
2 mins read

Новиот индекс на Транспаренси Интернејшнл е уште еден доказ дека е потребен сериозен ремонт во судството и обвинителството, оправдувајќи ја конкретно и владината иницијатива за разрешување на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Корумпираниот правосуден систем е директна причина што Македонија „падна“ за 12 позиции или 2 индексни поени во минатата година. Падот е причинет најмногу заради Судскиот совет, Академијата за судии и многуте афери со корумпирани судии. Ова го потврди директно и претседателот на Транспаренси интернешнл Благоја Пандовски.

Овие негативни резултати се последица на големиот број скандали кои се случија минатата година, а особено во областа на судството, Судскиот совет и Академијата за судии и јавни обвинители. Индициите за политичко влијание на судството, лошата контрола на Судскиот совет кој ја врши врз судиите и 40-те препораки на Оценската мисија на ЕУ, кршењето на законот со изборот на кандидати за Академијата за судии и јавни обвинители за време на избори, се само дел од скандалите што го тресеа судството. Минатата година имавме и докажан случај на корупција на еден врховен судија, разрешување на кривичен судија од кавадаречкиот суд кој се слушнал 97 пати со обвинет на кого му судел и уште неколку случаи кои што се само загребување на површината на судството во кое граѓаните очигледно немаат доверба, изјави Пандовски.

Слична е состојбата, продолжи Пандовски и во Обвинителството, кое не е ажурно во гонењето на високата корупција и не ги процесуира иницијативите добиени од Државната комисија за спречување на корупцијата.

Во меѓувреме, опозициските медиуми весат за падот на Македонија ја насочија кон новата Влада, заборавајќи и замижувајќи на јасно предочените факти од директорот на Транспаренси Интернешнл Македонија за вината лоцирана во судството, ширејќи лажни вести  и тнародски кажано „терајќи ја водата на својата воденица“. Воденица која по укинувањето на УСАИД, ќе има сериозен проблем со финансирањето…

Новата влада е на позиција 7 месеци, за кои уапси и отвори случаи за десетици функционери од минатата власт, судии и бизнисмени. Меѓу нив се Артан Груби, Димитар Ковачевски, Дрин Ахмети, Васко Ковачевски, Енвер Беџети, Наумче Мојсоски, директори на ФИТР, ЕСМ и други високопозиционирани партијци од СДСМ и ДУИ. Нејсе што ЈО се прави на„тошо“ и голем дел од нив чува во фиоките. Уште понастрана партизираното судство кое исто така „свирка“ и гледа на страна. Самото тоа, самата акција против корумпираните политичари и судии, велат познавачите, делува психолошки кај граѓаните на свесноста за корупцијата, а со тоа и директно влијае врз зголемувањето на перцепцијата за истата таа корупција, чие лице е минатата власт. Да, дури и битката со корупцијата, ја зголемува свесноста/перцепцијата за неа. Велат, потребна е друга анкета која ќе гласи: Дали сметате дека е зголемена битката и справувањето со корупцијата во Македонија? Или, уште појасно: Која, според вас, е покорумпирана влада – Заев/Ковачевски или оваа на Мицкоски?

Резултатите и одговорите, се повеќе од јасни. Веројатно, ќе ги разберат дури и оние на кои најчесто моа да им се нацртаат работите – партијските опозициски наригачи и медиумски бапчорки кои во моментот шират лажни вести и го злоупотребуваат индексот и падот на листата на Транспаренси..

 

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ОЈО бара притвор за велешанец кој се обидел да силува жена во возило во скопски Аеродром

Следно

Протест во Израел со барање договорот за размена на заробениците да продолжи

Latest from Blog

По пожарот во Трубарево: Една пациентка хоспитализирана, на домашно лекување полицаец, припадник на АРМ и директорот на ЦУК

Надвор од животна опасност се четирите лица кои побарале помош по пожарот што избувна вчера во складиштето за рециклирање отпад  во скопско Трубарево. На Клиниката за токсикологија е хоспитализирана жителка на Трубарево,

Меџити: Ќе има 24-часовен мониторинг на воздухот во Трубарево

Министерството за животна средина и просторно планирање, предводено од првиот вицепремиер и министер Изет Меџити, соопшти дека се преземени итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните по пожарот што избувна во

Прв концерт на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан по две илјади години

Овој историски настан е прв јавен концерт што Ватикан го одржал во изминатите 2.000 години. Концертот беше заеднички режиран од Фарел Вилијамс и Андреа Бочели, а настапија Џенифер Хадсон, Карол Џи, ѕвездата
Go toTop