Димитровски: Предвидлив пат до членство во ЕУ, без идентитетски и историски услови

February 10, 2025
1 min read

Заменикот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски на средба на министрите за надворешни работи на Западен Балкан и министрите за надворешни работи на земјите од групата “Пријатели на Западен Балкан” во Рим, 10.02.2025 година.

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на Западен Балкан и министрите за надворешни работи од групата “Пријателите на Западен Балкан” (Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Италија, Словачка и Словенија) во процесот на проширување на ЕУ, што се одржа во Рим, на покана на вицепремиерот и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италијанската Република, Антонио Тајани.

Заменикот Димитровски учествуваше со свое обраќање на двете работни сесии, „Зачувување на нашата заедничка сигурност и безбедност: зајакнување на соработката со Западен Балкан“ и „Забрзување на пристапот на Западен Балкан во ЕУ: заеднички приоритети за патот напред“.

Тој истакна дека Северна Македонија е докажан партнер во соработката со Европската унија кога станува збор за безбедноста, сигурноста и одбраната. Апострофираше дека, како земја што се стреми кон полноправно членство во Европската унија, подготвени сме да продолжиме да придонесуваме во адресирање на сите предизвици со кои се соочува континентот и преку нашиот пат до членство да придонесеме за посилна Европска унија. Ги изнесе и нашите очекувања од Унијата да ја усогласи оваа наша посветеност и решителност со силни одлуки и предвидлива патека за процесот на пристапување. Од исклучителна важност е Копенхагенските услови да бидат главен критериум за полноправно членство во ЕУ, а не билатералните прашања со земји членки на ЕУ, особено оние од историски и идентитетски карактер.

Заменикот Димитровски нагласи дека за регионот на Западен Балкан не постои друга одржлива алтернатива освен полноправното членство во Европската унија. Потсети дека нашата земја вложила исклучителни напори во изминатите 20 години во процесот на пристапувањето, за да се доближи поблиску до посакуваната цел. Тој изрази благодарност до земјите-членки на Унијата и пријателите на Западен Балкан, како и до европските институции, за нивната конзистентна поддршка за што побрза и целосна интеграција на регионот во Унијата.

Воедно, ја поздрави идејата на земјите пријатели на Западен Балкан за забрзување на постепената интеграција на земјите од Западен Балкан во единствениот европски пазар, како и за продлабочување на ангажманот и соработката на полето на европската заедничката надворешна и безбедносна политика. Во тој контекст беше поздравено и неодамнешното потпишување на Партнерство за безбедност и одбрана меѓу Северна Македонија и Европската унија, што ја симболизира нашата заедничка посветеност за одржување на мирот, стабилноста и безбедноста во нашиот регион и пошироко.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На -5° градинката во Добри Дол без храна и струја – Врапчиште и министерството во судир на надлежности

Следно

Дебата: Вештачката интелигенција е реалност, но немаме ниту регулатива, ниту етички стандарди

Latest from Blog

Рокас: Покажавте капацитет за спроведување на реформите

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, денеска порача дека ЕУ останува целосно посветена на европската перспектива на Северна Македонија и нема никакво сомневање дека на државата се гледа како на

Општина Пробиштип: Започна пријавувањето на штети по силното невреме

Општина Пробиштип ги известува и повикува сите граѓани кои претрпеле материјални штети на своите имоти и земјоделски насади, предизвикани од силниот ветер кој зафати дел од територијата на општината на ден 21.07.2026

Се тепаше со пола репрезентација на Шпанија, а ФИФА му го избришала црвениот картон

Дивјачкото однесување на играчите и тренерите на Аргентина гo одбележа финалето на Светското првенство. Особено впечатлив беше Леандро Паредес, кој се степа со половина репрезентација на Шпанија. Прво го турна Ерик Гарсија,

Општина Прилеп со предупредување: Се очекува невреме, граѓаните да бидат внимателни

АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ ПОРАДИ НАЈАВЕНО НЕВРЕМЕ! Почитувани сограѓани, Според најновите метеоролошки прогнози, во наредниот период се очекуваат нестабилни временски услови, проследени со силен ветер. Апелираме до сите граѓани навремено да преземат превентивни
Go toTop