Владата утре се очекува да разговара за цените на прехранбените производи

February 10, 2025
1 min read

На владина седница утре се очекува да се разгледа прашањето за високите цени на прехранбените производи и дали државаат ќе преземе чекори за нивна контрола, по граѓанскиот бојкот за пазарење во маркетите изминатите две недели.

На утрешната владина седница, како што изјави минатата недела премиерот Христијан Мицкоски, Државниот пазарен инспекторат и Министерството за економија треба да поднесат извештај и оти се можни мерки во однос на контрола на цените.

– Мислам дека Државниот пазарен инспекторат заедно со Министерството за економија и труд ќе излезат во јавноста со одредни параметри. Ако тоа не се почитува од страна на системот, а тој започнува од производителите, дистрибутерите и ланците, тогаш како Влада ќе треба да преземеме поинаков тип на дефанзивни мерки за да го контролираме тоа, таму каде што е потребно. Оваа акција ќе биде проширена бидејќи не само супермаркетите или хипермаркетите, предмет на анализа ќе бидат и други економски оператори како аптеки, продавници за бела техника. Не може некои производи во соседните земји да бидат два – три пати поевтини отколку кај нас, а се работи за ист производ од ист производител и со иста царинска стапка, изјави Мицкоски.

Не ја исклучи можноста да бидат донесени мерки на утрешната седница, иако, како што рече, се надеваат дека преку дијалог ќе се најде заедничко решение.

-Доколку гледаме дека едната страна не почитува договорено тогаш како Влада ќе мора да интервенираме. Ние не сакаме со интервенционализам да водиме политика, сакаме преку дијалог да дојдеме до заедничко решение. Се обидовме пред Нова Година, но знаете како заврши тоа, беше нарушена довербата меѓу Владата и трговците, додаде Мицкоски.

Министерот за економија Бесар Дурмиши во четвртокот на прес-конференција рече дека течат контролите на дистрибутерите, добавувачите, производителите и трговците.

– Надзор се врши врз целокупниот процес, се контролира и колкава е маржата ставена од трговците за период од шест месеци, дали таму е чепкано и врз основа на тој извештај од Инспекторатот, како Влада ќе преземеме соодветни мерки, истакна Дурмиши.

Изминатите две недели во петок преку социјалните мрежи граѓаните беа повикани да ги бојкотираат големите трговски ланци поради високите цени на основните прехранбени производи. Првата акција покажа дека прометот во осумте најголеми трговски ланци беше намален за речиси 50 проценти, а вториот бојкот минатиот петок прометот беше паднат за 22,12 проценти.

Бојкотот за пазарење почна во Хрватска, а се прошири и во другите држави од регионот. Во Србија граѓаните се повикаа да ги бојкотираат петте најголеми трговски ланци.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска – Палминтери: Италијанските компании имаат интерес за учество во енергетски проекти во Македонија

Следно

Во одбрана на демократијата: Германски ТВ документарец за клучните моменти од меѓународната конференција во Скопје

Latest from Blog

Комуналец – Прилеп: Во тек е санација на клупите во населбата Точила

Во прилепската населба Точила во тек се активности за санација на оштетените клупи, каде Јавното комунално претпријатие ЈКП Комуналец Прилеп ги заменува искршените и откорнати штафни на клупите поставени за одмор и

Николоски: Автопатот Охрид–Кичево влегува во финална фаза на изградба

Автопатот Охрид–Кичево, еден од најдолгите и најконтроверзни инфраструктурни проекти во државата, ќе биде целосно завршен до крајот на оваа или почетокот на следната година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

ВЛЕН денеска станува единствена партија, конгрес во Скопје

ВЛЕН денеска во Скопје на конгрес официјално ќе се трансформира во единствен политички субјект, со што досегашната коалициска структура ќе прерасне во една партија. Со новата организациска поставеност, копретседатели ќе бидат Изет

Коњановски: Запуштениот простор зад полицијата во Битола доби нов изглед

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски информираше дека е завршено партерното уредување на просторот зад зградата на битолската полиција, локација каде претходно биле отстранети гаражи и времени објекти. Според Коњановски, станува збор
Go toTop